Кои се најморничавите напуштени градови? 1 Дел

Некогашни градови во кои живеело население пред неколку години, денеска сведочат за историјата и животот со своите остатоци. Сеуште не рушените згради и куќи, луна паркови, школки од автомобили, делови од занаетчиски материјал, се остатоците кои сведочат за некогашниот живот на овие градови.
Ви ги претставуваме 10-те најморничави напуштени градови во светот.

1.Кајаќој- Турција (Напуштен од 1923 година)

Урнатините на овој некогаш раздвижен град се сместени наспроти планинита Бик, близу до светски познатите плажи и пристаништето кај Олу Дениз. Иако камените градби се без покриви, а тесните улички го носат во староста, ова не е антички град, туку модерна руина напуштена од политички причини во дваесеттите години на минатиот век.Првично изграден во 1700-тите, во градот наречен Кармиласос на грчки јазик живееле дури 20 000 грчки православни жители до почетокот на дваесеттиот век.Во Кајакој, приближно 350 домови сега седат празни и главно без покрив, заедно со две грчки православни цркви и фонтани и цистерни што го напојувале градот. Остри зими и силни ветрови ги уништиле зградите до урнатини, што го прави градот да изгледа антички.

2. Боди- Калифорнија (Напуштен во 1942 година)

Боди бил поранешен град за ископување злато и Државен историски парк во калифорниските Боди Хилс, во близина на границата со Невада. Овој град-дух од 19-от век опфаќа бројни оригинални градби во различна состојба на распаѓање, плус артефакти и масонски гробишта. Овде може да најдете музеј со рударски алатки, мелница за злато, машини и информации за процесот на екстракција на злато.

3.Крако- Италија (Напуштен од 1963 година)

Крако е основан во 8 век и бил брилијантен со оглед на непостојаната природа на средновековниот период. Селото седи на карпа оддалечена 400 метри од земјата. Поради јаките земјотреси и лизгање на земјиштето Крако бил напуштен од населението. Денеска градот е одличен за истражување, а во него можат да се најдат голем број интересни цркви, како што е „Санта Моника дела Стела“. Крако не е отворен за јавноста поради безбедносни причини и затоа што домовите сè уште се во приватна сопственост на многу од семејствата кои биле принудени да ги напуштат меѓу 1960-тите и 1980-та година.

4.Сан Жи- Тајван (Напуштен од 1980 година)

Куќите на НЛО Санжи се збир на напуштени и никогаш не завршени згради , во округот Санжи. За време на изградбата многу работници починале во сообраќајни и многу други невообичаени незгоди. Отприлика загинале околу 20 луѓе, а за секоја незгода се верува дека имало натприродна причина за нејзиното случување. Местото никогаш не ги дочекал своите први гости, а проектот беше напуштен.

5.Припјат- Украина (Напуштен од 1986 година)

Припјат е град на духови во северна Украина, во близина на границата Украина-Белорусија. Наречен по блиската река Припјат, градот е основан на 4 февруари 1970 година, како деветти „атомград“, еден вид затворен град во Советскиот Сојуз, за да служи на блиската нуклеарна централа во Чернобил. На 26 април, 1986 година се случи големата експлозија во Нуклеарната централа Чернобил, која се наоѓа на 14,5 километри северно од градот. Повеќето вработени во централата живееле во градот, кој бил изграден токму за таа намена. Засега во градот се врати само дивиот свет. Волците ловат диви свињи помеѓу опустошените згради и во напуштениот забавен парк, кој за некое чудо беше отворен утредента после експлозијата, за време на евакуацијата.

Останатите грдови ќе ги гледате во нашиот втор дел од блогот.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR