Најпознати плажи во Црна Гора

Црна Гора е една од земјите која можеби и не може да се пофали со голема територија, но затоа слободно може да кажеме дека ги поседува некои од најубавите плажи на Јадранското Море.

Могрен

Заштитниот знак на Будва и плажа која со право го носи епитетот скапоцен камен на црногорското крајбрежје. Плажата го добила името по шпанскиот морепловец Могрен кој доживеал бродолом во Јадранското Море и бил исфрлен од брановите токму на оваа плажа.

 Плави хоризонти, Тиват

Плажата Плави хоризонти се наоѓа на дното на заливот Пржно, и важи за една од најубавите на црногорскиот брег.  Посебен шарм на плажата и даваат маслиновите градини и борови шуми – сенки под кои уживаат многу капачи. Плиткото дно се протега далеку во морето, така што е погодно за деца и не-пливачи.

 Жањице, Херцег Нови

Плажата Žanjice се наоѓа во заливот Мириште, покрај синото море и старите маслинови градини. Плажата е направена од бели камења, во близина се Сината пештера и островот Мамула со старата австриска тврдина.

Бечичи

Плажата на Бечичи е една од најубавите и најдолгите плажи на јужниот дел од Јадранот. Песочна, долга 1.950 метри, ова е официјално единствена црногроска плажа која за својата убавина добила и награда. Во далечната 1935-та година во Париз била и официјално прогласена за најубава плажа во Европа.

Јаз, Будва
Само неколку километри од Будва е плажата Јаз, една од трите најдолги плажи на црногорскиот брег и секако една од најубавите.  Плажата Јаз се состои од два дела.  Иако оваа плажа е популарна за сончање и кампување, таа доби меѓународен углед како домаќин на бројни концерти и настани во последните неколку години.

Трстено

Плажата Трстено е длабоко вовлечена во копното и така е заштитена од големи бранови и бури. Позната е по песочното морско дно, прекрасната боја на морето и недопрената околина. Заради плитката вода таа е одличен избор доколку имате мали деца.

 Голем песок, Бар
Заливите на Велики и Мали песок се наоѓаат на југот на Бар. Плажите имаат песочна површина, во вода и на брегот. Поради извонредната локација, можете да уживате во фантастично зајдисонце во доцните попладневни часови. 

8. Велика плажа

Една од најубавите и најпопуларните плажи сместени во Улцињ. Со својата должина од 12 километри таа е едно од местата кое никако не смеете да го пропуштите ако решите одморот да го поминете во Црна Гора.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR