Ова се најстрашните луди железници во светот

Најголемите, најлудите, најбрзите, највисоките ова се најстрашните железници во светот.
Авантуристи сте и расположени сте за уште една авантура која ќе ја паметите цел живот? Ние ви даваме идеа, тоа да биде една од овие луди железници.

1. Сребрена ѕвезда

Europa Park, Раст, Германија

Искривувајќи ги лицата на најхрабрите во Германија од 2002 година, Сребрена Ѕвезда е највисоката луда железница во Европа. Употребувајќи систем на бавно искачување со помош на синџир-лифт, таа ги води авантуристите до височина од 73 метри и потоа ги турка во пад со брзина од 130 километри на час и 4Г вертикална сила.

2. Кулата на теророт

Dreamworld, Квинсленд, Австралија

Оригиналната Кула на теророт, по своето лансирање во 1997 година, одвои над 8 милиони авантуристи од нивниот ручек. Потоа во 2010 година, оваа луда железница била преправена и претворена во уште пострашна верзија. Оние кои ќе се осмелат да се возат на неа се катапултирани од тунел нагоре кон вертикалната кула, достигнувајќи брзина од 161 километар на час за само неколку секунди. На врвот, на околу 35 метри височина, вие на една секунда „висите“ неподвижни и во бестежинска состојба, а потоа нагло паѓате кон земјата во застрашувачкиот тунел.

3. Челичен Змеј 2000

Nagashima Spa Land, Мије префектура, Јапонија

Челичниот Змеј можеби веќе не е најбрзиот и највисокиот ролеркостер во светот, но сѐ уште е најдолгиот. Количината на челик која била употребена за да се изгради го прави еден од најскапите досега составени. Настрана од тоа, монструозната големина на Челичниот змеј лесно го сместува во 10-те најстрашни луди железници во светот.

4.Кингда Ка

Six Flags Great Adventure, Њу Џерси, Америка

За многумина, Кингда Ка ќе биде „таткото“ на најстрашните луди железници, бидејќи до овој ден како највисоката во светот, ги искачува авантуристите до неверојатни 140 метри кон небото. За жал, Кингда Ка поминала низ неколку механички проблеми во текот на годините. Во 2005 година имало проблеми со моторот за лансирање, а во 2009 година била удрена од гром кој ѝ предизвикал штета.

5. Застрашувачот 305

Kings Dominion, Вирџинија, Америка

Новодојденецот во светот на застрашувачките луди железници, Застрашувачот 305 ја доби наградата „Златен билет“ за најдобар нов ролеркостер во 2010 година. Со иновативниот нов „двоен ‘рбет“ на пругата, оваа луда железница има голем број брзи вртења и превртувања за да ги задоволи и исплаши и најхрабрите љубители на адреналин.

6. Додонпа

Fuji-Q Highland, Фуџијошида, Јаманаши, Јапонија

Оваа луда железница го срушила рекордот за најбрзо забрзување и токму затоа е една од најзастрашувачките во светот. Збунети од „погрешен старт“ оние кои се возат, неочекувано се лансирани на пругата, со брзина која достигнува 172 километри на час за само 1,8 секунди.

Најнови патувања