Остров на вечна пролет

Mалиот рај на земјата спаѓа во групата на Канарските острови. Тенерифе е најголемиот и најнаселениот шпански остров, сместен во Атлантскиот океан, во близина на брегот на Африка. Тенерифе се протега на површина од 2.034,38 километри квадратни, тој е вулкански остров кој се создавал и менувал со последователни ерупции во текот на неговото постоење. Најстариот планински масив во Тенерифе се издигнал во Атлантскиот океан како резултат на вулканска ерупција која го создала островот пред дванаесет милиони години. Главен град на Тенерифе е Санта Круз де Тенерифе воедно е и главен град на Канарските острови и неговата популација изнесува 906.854 жители.

Тенерифе е познат и како „Остров на вечната пролет“ кој ужива топла тропска клима со просечна вредност од 18-24 °C во зимата и 24-28 °C во летото. Островот има поголем број на сончеви денови и ниски врнежи во сите предели освен во планинските области.  И покрај својата мала површина островот има извонредна еколошка разновидност, како резултат на карактеристичните услови на островот. Тој е  остров со богата и разновидна флора со околу 1.400 видови растенија и богата фауната со околу 400 видови риби, птици, влекачи, водоземци, морски желки, делфини и китови.

Тенерифе е домаќин на неколку традиционални важни настани и прослави,  кои се привлечни за голем број туристи.  Карневалот на Санта Круз е еден од најголемите карневали во светот и најважниот настан кој е посетуван од голем број туристи и е прогласен за фестивал од меѓународен туристички интерес. Се слават и празникот на девицата од Канделарија и празникот на Кристо де Ла Лагуна.

Најразвиена гранка на Тенерифе е туризмот и тој е еден од најпосетените локации во светот, островот има многу споменици и музеи, особено од времето после освојувањето на островот. Туризмот е поприсутен на јужниот дел на островот, кој е потопол и посув и има многу добро развиени одморалишта како што се Плаја де лас Америкас и Лос Кристијанос. Интересни и важни локалитети кои треба  да се посетат се катедралата Сан Кристобал де Ла Лагуна, замокот Сан Андрес, пештерата Сан Блас, пирамидите Гулмар, кулите Санта Круз, музејот на историјата на Тенерифе, музејот на антропологијата на Тенерифе и други.

Најнови патувања