Островска држава која ќе сакате да ја посетитие

Вануату е малечка островска држава лоцирана во јужниот дел од Тихиот Океан. Формирана во 1980 година кога островите познати како Нови Хебриди станале независни под новото име Вануату. Денешното име на државата потекнува од зборовите vanua што значи „земја“, „дом“ и tu што значи “стои”  овие два збора го означуваат независниот статус на новата нација. Главен град на државата е Порт Вила.  

Вануату е архипелаг кој се состои од околу 82 мали вулкански острови од кои 65 се населени. Два од овие острови Франција си ги присвојува кон своите прекуокеански територии, поточно кон Нова Каледонија, најголем остров е Еспириту Санто. Во Вануату има три службени јазици: англиски јазик, француски јазик и бислама. Бислама е пиџин, кој вклучува типична меланезиска граматика со англиски зборовен фонд и е единствениот јазик кој може да се разбере како втор јазик. Христијанството е доминантна религија во Вануату.

Вануату има околу 243.000 жители, воглавно Вануаќани, меланезиски народи. Првите Европејци кои ги посетиле островите биле шпанските истражувачи кои биле предводени од Португалецот Педро Фернандес де Кеирос. Најголем дел од населението егзистираат од риболовство и морски животни, додека другиот мал дел од населението егзистира од земјоделство. Најмногу се произведува кава и копра. Брегот е воглавно карпест а земјата е неразвиена поради нејзина ранливост од цунами и поплави, и поради ова таа многупати била градена и рушена одново. На Вануату има неколку активни вулкани, како што е Лопеви, но има и доста подводни вулкани.

Прекрасната природа, плажите и прекрасната вода, како и релаксираната и мирна атмосфера која владее во земјата, се адутите поради кои овде доаѓаат голем број туристи.  Климата на Вануату е суптропска со околу девет месеци топло време со дождови. Топлината на водата во Вануату е околу 22 °C во зима и околу 28 °C во лето, а дневната просечна температура е помеѓу 20 °C до 32 °C.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR