Зошто во 2023 на зимување во Пампорово?

  Доста се двоумите околу изборот на место за дишење свеж воздух, дивење на незаменлива зимска идила и непрестано скиење. Наместо тоа, одберете го најпопуларното скијачко место и тоа, со местоположба во нашето соседството – Република Бугарија.  

  Освен фактот што атрактивноста на ова место ја чини неговата утописка местоположба во Смољанската Област, на Родопските Планини, се одликува и со највисокиот врв Снежанка на 1928 м., како и истоимената кула.  Пампорово, уште е и оддалечено на само 260 км од градот Софија, така што како туристи ја имате можноста да го посетите и главното седиште на Бугарија со едно тричасовно возење во автомобил.

    Одморалиштето располага со седум скијачки патеки распослани во должина од 55 километри и скијачки патеки во должина од 38 километри кои се опслужуваат со 18 лифтови и вкупна сместивост од 13.000 лица на час. Седум машини за израмнување на снег и 90% покриени со снежни топови гарантираат удобно и пријатно возење на скијачите. Над 100 високо квалификувани инструктори за скијање, кои зборуваат на различни јазици, со цел да им помогнат на почетниците и на средните скијачи, без да бидат исклучени сноубордистите. Дотолку повеќе, во 2010 година се отвора дополнителен граничен премин помеѓу Бугарија и Грција на само половина час возење од Пампорово со автомобил. Најпосле ова го чини единствено одморалиште во Европа кое дозволува за толку кратко време да се префрли еден турист од скиење на пливање.

    Без грижа доколку не сте скијачи, бидејќи Пампорово доминира со масовен број хотели, дури дел од нив продолжуваат да се реставрираат или да се градат. Нивниот интериер е обезбеден со спа и фитнес-центри за сите оние кои не сакаат да пропуштат ден без теретана, билијард за искусните играчи, и базен, сауна за сите оние кои се дојдени за тотална релаксација.

Љубопитните рекреативци и гурмани пак, може да го задоволат својот апетит со посета на традиционалните етно-ресторани, етно и модерните кафичи, кои воедно се погодни за големи фамилијарни собири. Журкаџиите би се пронашле во просторите на фантастичните дискотеки, додека топла препорака за љубителите на шопинг се мини-маркетите каде што цените се претежно блиски на нашите, а сувенирчињата иако малку поскапи, далеку повеќе скапи на изглед.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR