Патувања и валидност на пасошот – правила и политика

Живееме во свет полн со спектакуларни места кои чекаат да бидат откриени, па така поривот да се патува по светот се должи на нашата исконска потреба од нови искуства и доживувања.

Секое патување само по себе кај сите нам секогаш буди емоции на среќа,но она што секогаш ние го забораваме при планирање на секое наше патување е: да се информираме колку треба да ни биде валиден пасошот за да можеме да отпатуваме на посакуваната дестинација.

Поаѓајќи од ова,во нашиот блог ќе ги споделиме сите важни информации околу валидноста на пасошот за патување во државите што се популарни за патување во било кој период од годината.

Некои држави бараат виза за граѓаните од Македонија, но за некои од најпопуларните дестинации за патување, за Македонците е потребен само пасош

Но, за да не ви настанат проблеми на граница, треба да знаете и колку месеци пред да ви истече пасошот можете да влезете во некоја држава.
Во некои држави пасошот мора да ви биде валиден до датум оддалечен најмалку три месеци од патувањето, а во некои шест.

Исто така, во некои држави месеците се бројат од денот кога влегувате во државата, а во некои од денот кога ја напуштате.

Во продолжение ги споделуваме важните информации со вас:

Листа на држави во кои потребно е пасошот да биде валиден најмалку 6 месеци од денот кога ќе влезете во државата:

  • Турција
  • Египет
  • Катар
  • Обединети Арапски Емирати


Држави кои бараат пасошот да биде валиден најмалку 3 месеци
Во овие држави пасошот треба да биде валиден најмалку три месеци од денот кога ќе пристигнете во нив.
Но, за земјите во Шенген зоната, пасошот треба да биде валиден 3 месеци од датумот кога планирате да ги напуштите

  • Албанија
  • Босна и Херцеговина
  • Франција (Шенген зона)
  • Грција (Шенген зона)
  • Италија (Шенген зона)
  • Малта (Шенген зона)
  • Црна Гора
  • Шпанија (Шенген зона)


Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR