zako.mk © 2024
Во срцето на Касандра, на околу 4 часа возење од Скопје, во заливот Торонеос, се наоѓа едно од најживописните летувалишта на Халкидики – Полихроно.
Познато е по кристалното, тиркизно море, плитко, создадено за детски водени лудувања, како и по бујната медитеранска вегетација. Тука ќе најдете некои од најубавите плажи на првиот крак на Халкидики, место совршено за семеен одмор. Во можност сте да уживате во големиот број крајбрежни таверни и барови, но и да се прошетате низ околните места и плажи, бидејќи локацијата е навистина идеална. Многубројни супермаркети и пекари ви се на дофат, така што нема да ви недостига ништо. Во Полихроно има аптека и амбуланта, па сигурни сте во секој поглед.
Вила Moustakas се наоѓа во Полихроно на 30м оддалеченост од плажа. Вилата нуди сместување за 3 лица односно трокреветни студиа со 3 легла од кои едното е на расклопување . Сите соби имаат комплетно опремена мини кујна и прибор во согласност од бројот на легла во собата. Baby cot: на барање.
Студиата се на приземје, прв и втор спрат.
Цената вклучува:
* Наем на студио за 7 ноќевања
* Интернет во соба
*Користење на клима уред – 7 еур на ден
* Туристичка такса од 1,5 еур по соба на ноќ која се плаќа на лице место
*Автобуски превоз
* Скопје / Велес / Неготино / Гр. премин Богородица – 45 € за возрасни и 35 € за деца до 11,99 г.
* Струмица, Штип – 60 € за возрасни и 50 € за деца до 11,99 г.
* Битола / Прилеп – 40 € за возрасни и 30 € за деца до 11,99
Релациите наведени како трансфер се реализираат со патнички возила или комбe.
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да минува автобус.
Чистење на собите и промена на постелнина: еднаш неделно при превземање на собата.
Влегување во собите е после 14 часот локално време / напуштање на собите последниот ден до 10 часот наутро.
Сте слушнале за ЕТА CASHBACK картичката?
Со секоја ваша уплата на аранжман, добивате CASHBACK поени изразени во денари. Патникот добива повраток на средства од 400 до 4.100 денари CASHBACK во зависност од уплатата.
zako.mk © 2024