Menu

Апартман Депи-Лето во Дионисиу 2024

цена од

100

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
18.05.2024
28.09.2024
Автобус
Вила

Паралија Дионисиу е туристичко село кое се простира на околу 3 км широка песочна плажа. Плажата е за сопствена опрема за плажа, но има и барови, каде што можете со платен пијалок да ги користите нивните лежалки и чадори бесплатно. Местото има многу таверни и кафетерии покрај плажата и околу централниот плоштад, кои нудат традиционална грчка кујна, свежа риба и морски плодови. Многу таверни имаат игралишта за деца со цел на младите посетители да не им здосади и да ги остават родителите да се одморат и да уживаат во грчката кујна и на плажа. На централниот плоштад е популарна кафетерија, која нуди традиционална грчка пита наречена Бугатса со слатка павлака или сирење. Во вечерните часови ова кафетерија нуди традиционални грчки слатки наречени Локумадес.

Паралија Дионисиу се наоѓа на 48 километри од Солун, каде што е меѓународниот аеродром „Македонија“ и на само 3 километри од градот Неа Мудања. Селото има многу погодна географска локација – се наоѓа пред крстосницата до 3-те полуострови на Халкидики (Касандра, Ситонија, Атос), и е точно во центарот на Халкидики. Тоа им овозможува на гостите да патуваат низ Халкидики, низ сите три полуострови избегнувајќи ги долгите растојанија. Блискоста на Паралија Дионисиу до градот Неа Мудања, со население од 17 000 жители (3 км) има и предности: можност брзо да стигнете до него со автомобил, такси или пеш (околу 40 минути. покрај плажата) до продавниците, супермаркетите, забавата, дискотеките и ноќните клубови.

На централниот плоштад има игралиште за деца и мини-парк, кој започнува со работа попладне по грчката сиеста. Секоја вечер во центарот на Паралија Дионисиу работи отворен пазар каде што може да се купи овошје, зеленчук, маслинки, маслиново масло, мед и други локални производи. Наутро свежа риба и овошје продаваат мештаните кои возат со своите автомобили низ селото. Во селото има 2 супермаркети, месарница, пекари, кондиторски производи, аптека и киосци. Паралија Дионисиу е прекрасно катче, типично грчко село, каде што можете да се одморите од градската врева и да уживате во сонцето, чистото Егејско Море и грчката храна.

Апартман Депи се наоѓа во Дионисиу на 150м од плажа. Апартманот е за 4 лица.
Има една соба со брачен кревет и во кујната уште два единечни кревети.
Кујната е опремена за подготовка на храна. Клима и Wi-Fi се вклучени во цена.

Што е вклучено во цената

-7 ноќевања во апартман Депи

-Користење на клима

Што не е вклучено во цената

-Доплата за туристичка такса 0.5 центи од ноќ од апартман (Се плаќа во вилата)
-Превоз за возрасен повратен билет 45 еур / 40 еур во еден правец
-Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 35 eур / 30 еур во еден правец
-Дете до 2 год. (без седиште)-бесплатно
-Патничко осигурување

План и програма

Сместување

Апартман Депи

Апартман Депи се наоѓа во Дионисиу на 150м од плажа. Апартманот е за 4 лица и се наоѓа на втор спрат.
Има една соба со брачен кревет и во кујната уште два единечни кревети.
Кујната е опремена за подготовка на храна. Клима и Wi-Fi се вклучени во цена.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-Доплата за туристичка такса 0.5 еур по апартман на ден и се плаќа во вилата.
-Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
-Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
-Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5.99год.
-Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
-За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
-Попустите Не се комбинираат.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
-Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
-Сместување во собите е по 14.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 09.00час.
-По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
-Доколку е за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата.
-Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
-Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
-За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
-За ова патување важат општите услови на Т. А. Ескејп Травел

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања