Menu

Барселона во Мај 16.05-19.05.2026

цена од

599

EUR

сега од

559

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

Барселона или „каталонската кралица“ е четвртиот најпосетуван град во Светот. Величествен град со прекрасна убавина, кој живее 24
часа дневно. Уживајте во прошетката низ главната градска улица „Рамблас“, застанете покрај живописните човечки статуи или некој
од многубројните улични сликари или пак прошетајте низ Готскиот кварт. Уживајте во уметноста на Антонио Гауди и неговата
ексцентрична катедрала „Саграда Фамилија“ и паркот „Гуел“. А ако сте навивач на Барселона, тогаш стадионот „Ноу Камп“ е место,
кое треба да го посетите.

Што е вклучено во цената

 Авио билет Скопје – Барселона – Скопје
 Рачен багаж до 8 кг.
 Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром
 3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
 Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
 Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Што не е вклучено во цената

 Чекиран багаж, цена 3-4 дена пред полетување
 Туристичка такса се плаќа во агенција – 4 € по лице на ден,
 Билети за јавен превоз со метро
 Патничко осигурување
 Еднокреветна соба

План и програма

Прв ден 16.05.2026-сабота (СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА)

Состанок на групата во 16:00 часот на аеродромот во Скопје.Полетување за Барселонa во 18:00 ч. Пристигнување во Барселона во 20:50ч
Трансфер до хотелот и сместување во хотел . Ноќевање.

Втор ден 17.05.2026-недела ( БАРСЕЛОНА (ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД, ПАРК ГУЕЛ)

Појадок во хотел. Факултативен панорамски разглед на Барселона со метро: плоштадот Каталонија, авенијата Рамблас, Споменикот
на Колумбо, Каса Мило, катедралата Саграда Фамилија … Слободно време а потоа е предвидена индивидуална посета на
најпознатото дело на Гауди, паркот Гуел, кој е едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и место каде најдобро се реализираат
неговите идеи за единството на уметноста и природата…Индивидуално враќање во хотел. Навечер Ви препорачуваме индивидуална
посета на Шпанскиот плоштад и на Магичните фонтани.Ноќевање.

Трет ден 18.05.2026-понеделник (БАРСЕЛОНА ,3 ПАРКА – ЦИТАДЕЛА,ШПАНСКО СЕЛО И ТИБИДАБО - ФЛАМЕНКО)

Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за факултативна посета на трите најпознати паркови во Барселона. Почнуваме со
паркот Цитадела а потоа се упатуваме кон Шпанското село и го посетуваме овој музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX
век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија.За крај се
упатуваме кон Тибидабо од каде е најубавиот панорамски поглед на градот. После 6 часовна обиколка на парковите следува време за
слободни активности.Враќање во хотел со метро.Во вечерните часови организирана факултативна Фламенко вечер, каде ќе имате
можност да уживате во прекрасното Фламенко шоуто. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

Четврти ден 19.05.2026-вторник (БАРСЕЛОНА (АКВАРИУМ, МАРЕМАГНУМ)

Појадок во хотел. За денешниот ден ќе имате можност за факултативна посета на Аквариумот (http://www.aquariumbcn.com/en) – еден
од најголените и најубавите аквариуми во Европа. Следува слободно време за индивидуални активности и можност за посета на
шопинг центарот „Маремагнум“  за кафе пауза или шопинг. Слободно време за индивидуални активности. Индивидуално враќање во
хотел. Организиран трансфер до аеродром , полетување за Скопје во 21:40. yПристигнување во 01:00 часот .

Сместување

Хотел со 3*

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

  • За реализација на програмата потребно е група од 25 патника
  • За еднокреветна соба се доплаќа 150 евра
  • Доплата за дете до 11.99 години се намалување 40 евра од промотивната цена за возрсни
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Организиран разглед на Барселона со водич – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА

Цена за пакет: 15 €

Посета на Парковите на Барселона (Цитадела, Шпанско село, Тибидабо) трансфер, водич и влезници

Цена за пакет: 75 €

Посета на парк Гуел (влезница + пратител од агенција)

Цена за пакет: 28 €

Аквариум (влезница и претставник од агенција)

Цена за пакет: 35 €

Фламинко шоу со пијалок

Цена за пакет: 55 €

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

579

EUR

сега од

520

EUR

цена од

469

ДЕН

сега од

369

ДЕН