Menu

Белград за Нова 2024

цена од

139

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
30.12.2023
02.01.2024
Автобус
Хотел, Вила

Оваа нова година, ЕСКЕЈП повторно Ве води во градот кој никогаш не спие – БЕЛГРАД. Посетете го градот каде што се сретнаа Дунав и Сава, посетете ја црквата Свети Сава – најголемата православа црква на Балканот, тврдината Калемегдан како еден од најшармантните паркови во светот, Белград Waterfront, прошетајте по најпознатата улица Кнез Михајлова …..

Не пропуштајте и да ја посететите српската Атина, градот Нови Сад кој е главен град на северната српска покраина Војводина и втор по големина град во Србија, по српската престолнина Белград, а важи за еден од најубавите во регионот. Градот лежи на брегот на реката Дунав, изобилува со природни убавини, а истовремено е колаж на архитектонски стилови заради градбите кои го привлекуваат вниманието на туристите, како и богатата историја со која градот може да се пофали. Таму можи да ги погледнете Петроварадинската тврдина и саат кулата, ќе ги посетиме Дунавската улица и Дунавскиот парк, Православната црква, Римокатоличката катедрала, Синагогата и градската куќа – Магистратот

Што е вклучено во цената

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Организација и водство на патувањето
  • Разглед на Белград со локален водич
  • 2 ноќевања со појадок во избраниот хотел или вила во Белград
  • Посета на трговскиот центар “Ушче”

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување 200 мкд
  • Задолжителна туристичка такса за хотелот – 200 мкд (се плаќа во агенција)
  • Факултативен излет до Нови Сад – 15 евра – пријавување во агенција, плаќање во автобус.
  • Влезници во културно/историски споменици

План и програма

1.Ден 30.12.2023 (Сабота)

Состанок со групата (дополнително време) поаѓање за Белград. Патот води преку  граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2.Ден 31.12.2023 (Недела)

Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св.Сава, булеварот на револуцијата, Дедиње, тврдината Калемегдан, споменикот на Победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав… Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта организиран превоз до центарот на градот за индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи, кафеани. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

3.Ден 01.01.2024 (Понеделник)

Појадок. По појадокот факултативен излет до Нови Сад – центар на Српската култура уште познат и како Српска Атина, панорамски разглед на градот, катедралата, црквата, синагогата, плоштадот, Петроварадинската тврдина (панорамски). Слободно време во центарот на градот. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта организиран превоз до центарот на градот само за патниците кои што се сместени во Вила Вертиго, ( патниците кои што се сместени во хотел Србија самостојно може да се организираат бидејќи центарот е на 3 км од хотелот) за постновогодишни прошетки или забави. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

4.Ден 02.01.2024 (Вторник )

Појадок. Одјавување од хотел. По појадок посета на трговски шопинг центар Ушче или слободно време во центарот на  Белград за индивидуални активности.. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

Сместување

Вила Вертиго

Прекрасна вила со 3* која што се наоѓа на Петлово брдо. Vertigo има нов и стар дел.  Патниците ќе бидат сместени во новиот дел. Ресторанот се наоѓа во стариот дел кој што е на 50 метри оддалечен од новиот дел. Во склоп на Vertigo има продавница, кафе бар и менувачница. Од центарот е оддалечена околу 12 километри. Во склоп на програмата како што може да прочитате, постојано има превоз од Vertigo до центарот и назад ( во договорено време со групата) што е вклучено во цената.

Хотел Србија 3*

Прекрасен хотел кој се наоѓа на само 3 километри од центарот на градот. Хотелот располага со еднокреветни, двокреветни и трикреветни соби. Комплетно е реновиран во 2005 година и Ви овозможува чувство на удобност и комфорт. Има панорамски ресторан со капацитет од 380 места се наоѓа на 17 спрат од хотелот од кој има прекрасен поглед на цел град и претставува совршено место за почеток на денот со појадок и кафе од прекрасната шведска маса која што ја нуди.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 45 патници
  • Краен рок за евентуален отказ е 7 дена пред датумот на поаѓање
  • Организаторот на патувањето во задржува правото за измена на поедини содржини од програмата.
  • За факултативните излети се потребни минимум 30 патници
  • Патникот има обврска да го провери пасошот пред патувањето.
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
  • Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Нови Сад

Цена за пакет: 15€

Посета на прекрасниот Нови Сад со целосна организација. Се посетуваат најатрактивните места во градот.

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања