Menu

Белград за Нова година 2024

цена од

99

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
30.12.2023
01.01.2024
Автобус
Хотел, Хостел

Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник. Иако целосно и припаѓа на Источна Европа, Белград дише западен воздух, предизвикувајќи го она посебно чувство, создадено во некое од неговите скриени катчиња, исто како кај француските градови. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град, кои беа непознати до неодамна. Љубителите на културата тука ќе може да уживаат во архитектурата и музеите, додека вљубениците на лудата забава, неуморно ќе можат да го истражуваат незапирливиот, белградски, ноќен живот.

Белград е на врвот на листата на градови со најдобар ноќен живот. Главниот српски град го зазеде првото место поради богатата понуда на ресторани, барови и клубови на улицата Скадарлија и на дунавските и савските сплавови, но и поради локалното население, кое со својот ентузијазам придонесува за добрата забава.

Што е вклучено во цената

  • Две ноќевања во хостел (без доручек) или две ноќевања во хотел (со доручек) во двокреветни или повеќекреветни соби во Белград.
  • Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
  • Пратител на групата за времетраење на аранжманот
  • Организација на патувањето

Што не е вклучено во цената

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување
  • Туристичка такса од 1.5 евро / 93 денари по ден
  • Факултативни излети ( 70 евра пакет за сите факултативни излети )
  • Индивидуални трошоци.

План и програма

1 ден 30.12.2023. / Скопје - Белград:

Состанок на групата во 03:00 на паркингот С.Ц. Борис Трајковски. Тргнување за Белград во 03:30.Патување во раните утринските часови со попатни паузи. Пристигнување во Белград во утринските часови. Сместување во хостел или хотел. Слободно време за индивидуални активности. Можност за факултативен разглед на Белград со придружба на водич (Булевар Револуција, Собрание,плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан(Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски кварт),. Во вечерните часови факултативно посета некоја од белградските клуб-кафани, кои имаат посебен дух и поинакво запознавање на градот и ноќниот живот. Ноќевање.

2 ден 31.01.2023. / Србија - Белград:

Организирана дневна забава(Факултативна). Враќање во хотел или хостел. Подготовки за најлудата ноќ. Факултативен дочек на Новата година во Белградските клубови. Ноќевање.

3 ден 01.01.2024. / Белград - Србија - Скопје:

Напуштање на хотелот или хостелот. Враќање за Скопје во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во вечернните часови.

Сместување

Хотел N 3 *

По своите препознатливи карактеристики и препознатливиот имиџ, ХОТЕЛ „N“ 3* спаѓа во категоријата градски деловен хотел. Сите соби се климатизирани а вклучуваат и телевизор со кабелски канали како и WiFi и сопствена бања. Хотелот располага со простран и грандиозен ресторан во кој се служи вкусна и регионална храна.

Хостел Караѓорѓе

Hostel Karadjordje се наоѓа во Звездара, во близина на Булеварот Крал Александар. Одалечен е 4 км од центарот на Белград. Секоја соба има сопствено купатило.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 45 патници
  • Краен рок за евентуален отказ е 7 дена пред датумот на поаѓање
  • Организаторот на патувањето во задржува правото за измена на поедини содржини од програмата.
  • За факултативните излети се потребни минимум 30 патници
  • Патникот има обврска да го провери пасошот пред патувањето.
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
  • Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Дочек на Нова година во Белград

Цена за пакет:

Дочекот на Новата година е она за што сме сите тргнати на ова патување. Да го посетиш овој град, а да не поминеш барем една вечер во некоја од дискотеките или сплавовите, не смее да се случи. Оваа година ви го нудиме најдобриот дочек на Новата 2024 година. За Вас оваа година го направивме најдобриот избор за најлудата ноќ во еден од најдобрите сплавови во Белград. Во оваа факултатива е вклучено неограничено пиење за новогодишната ноќ (одредени пијалоци).

Втора вечер забава Белград и денска забава

Цена за пакет:

Како што многумина сакаат да го наречат, градот што никогаш не спие, а и од неодамна од страна на “Lonely Planet” Белград го завзема своето место меѓу 10 те најдобри градови за ноќен живот и забава. Во Белград се многу познати овие Warm Up забави односно ден пред и по најлудата ноќ. Место каде што ќе можеме да го осетиме белградскиот ноќен живот во диско/кафана кое се наоѓа во срцето на градот. Вистинскиот избор за да го доживеете овој магичен град на вистински начин е токму овој избор на забава.

Разглед на Белград

Цена за пакет:

Во придружба со локален водич, ќе направиме разглед на Белград и на афтентичен начин ќе пробаме да Ви го доловиме духот на овој магичен град, особено во предновогодишнат еуфорија. За време на разгледот ќе ги посетиме следниве значајни локалитети на овој магичен град. Народното Собрание, стариот и новиот дворец на семејствотот Караџорџеви, плоштадот Никола Пасич, плоштадчето пред најпознатиот хотел во Белград “Хотелот Москва“, Народниот Театар и Народниот музеј, ќе прошетаме по најпозната шетачка улица во Белград „Кнез Михајлова каде што ќе сретнеме многу различни улични уметници кои се трудат секогаш да ги развеселат случајните минувачи, од таму продолжуваме кон тврдината Калимегдан каде што можете да направите преубави фотографии или пак да уживате во преубавиот поглед на Белград. Потоа се упатуваме кон Сава Нова, едно ново лице на градот, каде што ќе разгледаме дел од „ Street Art“ културата на Белград. Секое уметничко дело нацртано на некој уличен зид има своја приказна, а приказните оставаме таму да ги дознаете.

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања