Menu

Нова Година 2022: Будимпешта

цена од

145

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
30.12.2021
03.01.2021
Автобус
Хотел

Главен град на Унгарија истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар. Познат како Бисерот на Дунав кој нуди широк избор на туристички атракции. Градот окупатор на двата брега на реката Дунав, од десна страна брегот Буда, а од лева страна Обуда со Пешта. Име составено од три градови Обуда, Буда и Пешта кои формирале еден град, односно Будимпешта. Познат по своите бројни топли природни и вештачки извори кои датираат уште од 1934 година, му ја подарија титулата на “Градот на Бањите“. Градот со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност, a благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство.

Што е вклучено во цената

  • Превоз со високо туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Посета на познатата улица Ваци и трговскиот центар Арена
  • Организација и водство на патувањето

Што не е вклучено во цената

  • Факултативен разглед на градот со локален водич (10 еур)
  • Факултативно крстарење по Дунав ( 20 еур)
  • Факултативна посета на Сент Андреа (15 еур)
  • Факултативна вечера во национален ресторан (30 еур)
  • Патничко и здравствено осигурување 200 мкд
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба

План и програма

30.12.2021 (Четврток) Скопје - Будимпешта

Состанок на групата на Дрво Декор во  16.00час. Поаѓање за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија.  Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

31.12.2022 (Петок) Будимпешта

Пристигнување во Будимпешта. Оставање на куферите во хотел. Факултативен разглед на градот, кој ќе започне од плоштадот на Хероите, Унгарскиот парламент, односно од третата најголема зграда во светот чија изградба траела цели 20 години и тоа исклучиво со унгарски материјали. Разгледот го продолжуваме кон Базиликата на Св. Стефан, најголемата црква во Будимпешта изградена во 50-ите години на 18 век, потоа Плоштадот Елизабета, Мостот Сечени, Жичарата Хил, Замокот Буда кој исто така е познат и под името Кралската Палата, претставувал дом на раскошни церемонии за време на Австро-Унгарска империја, а денес прекрасен Музеј на Будимпешта. По разгледот на прекрасниот музеј се упатуваме кон црквата Матијаш каде се крунисани Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета во 1867 година со што започнува и основањето на Австро-Унгарската империја. По разгледот на импозантната црква се упатуваме кон Рибарската Тврдина, прекрасна знаменитост составена од седум кули кои ги претставуваат седумте Маџарски племиња. Се наоѓа на врвот на замокот Хил и обезбедува спектакуларен поглед на градот и реката Дунав. По разгледот враќање во хотел.

Слободно време за одмор.

Вечерта Дочек на Новата 2022 Година на некој од плоштадите во Будимпешта.

Ноќевање.

01.01.2022 (Сабота) Будимпешта - Сент Андреа

Појадокот. Факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Попатна посета на базиликата Естергом посветена на Пресвета Богородица и на Светиот Адалберт. Враќање во Будимпешта. Вечерта факултативно крстарење и  вечера во национален ресторан Чарда. Ноќевање.

02.01.2022 (Недела) Будимпешта - Скопје

Појадок. Одјавување од хотел. Прошетка на градот по познатата улица Ваци. По прошетката посета на шопинг центар Арена и во попладневните часови поаѓање за Македонија. Се патува преку Србија со кратки попатни паузи. Пристигнување во раните утрински часови на 03.01.2022

Сместување

Сместување во хотел со 3*

Хотелот се одредува на 3 дена пред поаѓање кога ќе се затвори продажбата на групата.

Цени

Од

30.12.2021

До

02.01.2022

Цена од лице

Цена

145 EUR

Важно

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • За реализација на факултативите потребно е да се пријават минимум 25 патници
  • За Унгарија може да се патува со сертификат за вакцинација (признаени се сите вакцини) или со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа)
  • За враќање во Македонија, за лица над 18год. потребно е да приложат сертификат за вакцинација: негативен антиген или ПЦР тест.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Факултативен разглед на градот со локален водич

Цена за пакет: 10€

Разглед на Будимпешта со локален водич за најдборо запознавање со градот

Факултативно крстарење по Дунав

Цена за пакет: 20€

Факултативна посета на Сент Андреа

Цена за пакет: 15€

Сент Андреа е град во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви.

Факултативна вечера во национален ресторан

Цена за пакет: 30€

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања