Menu

Eser Premium And Spa 5*: Бујукчекмеџе

цена од

229

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
26.07.2022
30.08.2022
Автобус
Хотел

Поради целосно исполнетите термини во Кумбургаз, Escape Travel отвори нов 5 ѕвезден хотел во Бујукчекмеџе, област која е предградие на Истанбул.

Луксузен 5 ѕвезден хотел кој ви овозможува апсолутна реклаксација, уживање во базенот и спа центарот кој се наоѓа на панрамскиот спрат со поглед кон Мраморното море.

Овој хотел е идеален за луѓето кои бараат опција за втор одмор и каде сакаат да ги наполнат батериите релаксирајќи се во хотел со 5 ѕвезди, а по цена како во апартмани! Овој хотел е идеален и за луѓето кои сакаат да го истражуваат Истанбул преку наша организација. Крстарење по Бософор, посета на Капали Чаршија, шопинг искуство и многу други активности.

Бујукчекмеџе е населба која е доста раздвижана и има што да се посети и како да се исполни слободното време.

Хотелот Есер се наоѓа на 180 метри од песочна плажа на Мраморно море. Плажите се пространи без чадори и лежалки, покрај плажите се има кафулиња, а гостите може да си понесат чадори за сонце.

Ваквата понуда од 7 ноќевања, сместување во 5 ѕвезден хотел кој има феноменална услуга и вклучен појадок во цената, користење бесплатно на спа услугите и панорамскиот базен (на кој можете да се сончате), вклучен автобуски превоз, организатор кој ќе ве спроведе до самиот хотел, можност за прошетки низ Истанбул е една од ретките кои не смеете да ги пропуштите. Сето ова го добивате за само 229 евра!

Што е вклучено во цената

Седум ноќевања во хотел Еser Premium and Spa 5* во населбата Бујукчекмеџе со вклучен појадок
Автобуски превоз
Користење на затворен базен (со сончева светлина и панорамски поглед)
Користење на спа центарот
Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола
Користење Wi-Fi во лоби на хотел

Што не е вклучено во цената

Туристичка такса од 0.5€ на ден од лице (се плаќа во автобус)
Патничко осигурување (1 евро од ден)
Факултативни излети.

План и програма

Поаѓање секој понеделник до крај на август

ПРВ ДЕН – Собирање на групата на паркингот на хотел Русија во понеделник во 19 00 часот.  Ноќно возење со попатни паузи, царински формалност, презентација на програма и информации околу тоа што ќе ги очекува патниците во наредните  денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција. Цените се истакнати најдоле на програмата. Сместувањето е во хотел Eser hotel and Spa 5* кој има базен на најгорниот спрат, спа центар, џакузи, врвна услуга и вклучен појадок.

Пристигнувањето на групата во Бујукчекмеџе која е населба на 20 минути од Кумбургаз е предвидено во раните утрински часови во зависност од гужвата на граничните премини и задржување поради царинските формалности. По самото пристигнување во хотелот патниците ги оставаат куферите во лоби на хотел и добиваат информации за своите соби (како: Број на соба, време на check in), а добиваат слободно време за одмор во лоби на хотел каде може да ги користат тоалетите, соблекувалната и бежичниот интернет.

Check in: 16:00 часот (локално време)
Check out: 09:00 часот (локално време)

СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО ОСТАТОКОТ ОД ДЕНОТ.

Групата има слободно време за уживање во услугите кои ги нуди хотелот, прошетка во околината.

Ноќевање.

ПРВ ДО СЕДМИ ДЕН

Секој ден ззапочнува со појадок во хотел. Еден ден е предвиден за посета на Истанбул а тоа е третиот или четвртиот ден од програмата.
За точниот ден кога се оди во Истанбул, групата добива програма во автобусот кога се оди кон Бујукчекмеџе.

Во Истанбул се посетува следното:

По појадокот, групата заминува на Крстарење по Босфор

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.

УСКУДАР

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

EMAAR SQUERE MALL

. Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.

Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.

ОСМИ ДЕН

Собите се напуштаат до 10:00ч по локално време, заминување кон Македонија во попладневните часови. Куферите се остават во лоби или во просторија одредена за оставање на багаж. Слободно време до часот на поаѓање. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.

Сместување

Eser Premium Hotel & Spa

Eser Premium Hotel & Spa се наоѓа во населбата Бујукчекмеџе, која е предградие на Истанбул. Хотелот нуди врвна услуга. Располага со затворен базен со панорамски поглед, а воедно и спа центарот на хотелот е на најгорниот спрат. Спа центарот располага со: Сауна, Парна бања, Турски амам, Џакузи, ледена фонтана.

Хотелот на 180 метри од песочна плажа на која нема лежалки, а патниците кои сакаат да ја користат плажата може да си понесат чадори и пешкири за на плажа. Околу плажата има доста кафулиња, а околу хотелот има доста места кои може да ги посетите.

Интернетот во хотелот е одличен, што овој хотел може да го користат и патници кои сакат да работат он-лајн, а да не се затворени во канцеларија.

Секоја соба има плазма телевизори, мини-бар, дел од собите имаат поглед кон море, дел кон езерото, а дел кон градот. Секоја соба има машина за кафе или чај, а дел од собите имаат француски балкони. Хотелот нуди можност и за часови по пилатес, јога (со закажување и доплата), хотелот нуди можност и за термални терапии и разновидни третмани за тело.

Хотелот има 2 ресторани, каде покрај појадокот кој е вклучен во цената, гостите ќе може да користат А ла карт услуга за ручек, вечера или оброци. Хотелот има бар каде можете да уживате во благи специјалитети.

Цени

Од

26.07.2022

До

02.08.2022

Поаѓање на 25.07.2022

Цена

229 EUR

Од

02.08.2022

До

09.08.2022

Поаѓање на 01.08.2022

Цена

229 EUR

Од

09.08.2022

До

16.08.2022

Поаѓање на 08.08.2022

Цена

229 EUR

Од

16.08.2022

До

23.08.2022

Поаѓање на 15.08.2022

Цена

229 EUR

Од

23.08.2022

До

30.08.2022

Поаѓање на 22.08.2022

Цена

229 EUR

Важно

  • Хотелот е на барање. За ова понуда не се користат вредносните ваучери за откажаните аранжмани.
  • Поаѓањето е ден претходно од дадените термини во табелите или поточно секој понеделник. Секој вторник прв ден од одмор
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • За влез во република Турција, потребно е патните исправи да се минимум 6 месец пред истекување
  • Сместувањето во хотелот го одредува самио менаџмент. Ескејп Травел не гарантира за соба на приземје, кат како и за соба со поглед на море, улица или блок во хотелот.
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплатуваат 50% дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот на регуларната цена, доколку се придружувани со двајца возрасни а доколку е придружуван од еден возрасен плаќа целосна сума.
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција
  • За влез во Турција потребно е пасошот да е минимум до 6 месеци пред истекување.
  • Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола.
  • Промо цените важат исклучиво со целосна уплата
  • За споен термин се сметат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
  • За споен термин се сметат две суми од промо цените.
  • За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
  • Во случај за уплата на сингл соба по промо цена цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени(ова не важи за промо цените ).
  • Полињата кои се со црвено значат колку студиа се зафатени. Полињата кои се со зелено значат колку студиа се вкупно слободни. При резервација задожително контактирајте на 071/227-847 или 071/227-837 за слободни капацитети и каков тип на студио е слободно.
  • Поаѓањето е ден претходно од дадените термини во табелите или поточно секој понеделник. Секој вторник прв ден од одмор
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% и  се пресметува од редовната цена.
  • Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
  • Активните попусти не се комбинират со други попусти
  • Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
  • Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • Доплата за туристичка такса 0.5е од ден ( Се плаќа во автобус)
  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз и појадок од Скопје до Кумбургаз и назад.
  • Цените се израсени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 3 години во кревет со двајца возрасни
  • При генерално чистење на секоја смена, собата се напушта во 09:00ч по локално време.
  • Собата која се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.
  • Хигиената во собата за време на престојот ја одржуват самите гости
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори а  Ескејп травел  како агенција нема било каква   одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе соби.
  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или  да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се * * * * * * разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Доколку сакате да уплатите Online: Задолжително направете предрезервација на 071227847 или пишете ни во порака на нашата фејсбук страница. Бидејќи можно е во системот да се внесуваат повеќе резервации истовремено.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР

Цена за пакет:

Третиот  ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете.

Балат

Цена за пакет:

Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори.Се посетува Железната црква, каде може да се посети гробот на Партенија Зографски. По посетата групата има слободно време околу  час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.

Галата Порт

Цена за пакет:

Галата Порт претставува најновото пристаниште со ексклузивен Европски иглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.

Плоштадот Таксим

Цена за пакет:

Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!

ВИП ПАКЕТ (Крстарење по Босфор, Балат,Галата Порт и Таксим Плоштад)

Цена за пакет: 65 евра

Сакате да го доживеете Истанбул во вистинско светло? Сакате да ги посетите сите знаменистости и да се вратите дома полни со импресии? Дали сакате да бидете вистински патник кој следејќи ги постапките на европските туристи своите пари ги вложува во знаење, уметност, култура, традиција и храна наместо во шопинг на гардероба и секојдневни работи коишто ќе ги најдете и кај нас? Тогаш ние имаме ВИП пакет само за вас! Вистински избор за вистинските патници. Нормално за да поминете поевтино и да ви останат пари за шопинг последниот ден, ние истиот го намаливме.
Цена:65 евра (намалена од 75евра).

Шопинг Тура

Цена за пакет: 20 евра

Шопинг Тура

Идеална Шопинг тура со Посета на-

-Капали Чаршија

-Outlet 212

-Продавница за благи Коска

-Трговски центар Gloria

Аквариум

Цена за пакет: 17 евра

Се посетува аквариум во трговскиот Floria so 5Д проекција

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања