zako.mk © 2024
Порос е едно од најубавите и најатрактивните места на Кефалонија. Сместно е во подножјето на планините Атрос и Пахни и окружено е со бујна вегетација. Не е класично туристичко летувалиште, повеќе е активно гратче и е пристаниште во кое доаѓаат туристи најмногу од Западна Европа. Од главниот град Аргостоли е одалечен 41км, а до пажата Скала 12 км. Порос ги има скоро сите содржини, од убави плажи, романтични шеталишта, до најубавите таверни и ресторани на Кефалонија, односно продавници, бутици и сувенирници. Порос е сместен во југоисточниот дел на островот Кефалинија, а тоа е трето пристаниште на островот од кое тргнуваат траектите за Пелопонез.
Astir Studios 2* се наоѓаат на 10 метри од плажата во Порос. Центарот каде се лоцирани кафичите, рестораните и продавниците се наоѓа на 100 метри од објектот. Сите соби имаат клима (доплата на лице место). Објекот располага со студија кои се опремени со кујна. Сите соби имаат балкон, половина од собите гледаат на Јонското море, а половина на планината. На гостите им е овозможен пристап до WiFi интернет во заедничките простории на хотелот. Повеќе фотографии од сместувањето има најдолу од понудата.
07.07.2021
18.07.2021
Поаѓање на 07.07.2021 од Скопје/ Враќање на 17.07 од Кефалонија
269 EUR
16.07.2021
27.07.2021
Поаѓање на 16.07 од Скопје/ Враќање на 26.07 од Кефалонија
269 EUR
25.07.2021
05.08.2021
Поаѓање на 25.07 од Скопје/ Враќање на 04.08 од Кефалонија
289 EUR
03.08.2021
14.08.2021
Поаѓање на 03.08 од Скопје/ Враќање на 13.08 од Кефалонија
289 EUR
12.08.2021
23.08.2021
Поаѓање на 12.08 од Скопје/ Враќање на 22.08 од Кефалонија
289 EUR
21.08.2021
01.09.2021
Поаѓање на 21.08 од Скопје/ Враќање на 30.08 од Кефалонија
269 EUR
Сте слушнале за ЕТА CASHBACK картичката?
Со секоја ваша уплата на аранжман, добивате CASHBACK поени изразени во денари. Патникот добива повраток на средства од 400 до 4.100 денари CASHBACK во зависност од уплатата.
Најубава плажа на островот е познатата Myrthos Beach која се наоѓа на Северозападниот дел на Кефалонија, која е заштитен знак на островот. Плажата е 12 пати прогласувана за најубава плажа во Грција. Оваа плажа е со бели камчиња и токму заради тоа бојата на морето е сина како на сликовница, оваа плажа многу наликува на плажите на Лефкада. Овој ден продолжуваме и на плажа Макрос Гиалос, во beach bar Costa Costa, каде што ќе можете да уживате со музика, релаксација на плажа или водни спортови.
Антисамос плажата е втората плажа по убавина после Миртос. На самата плажа е сместен манастирот Агрилион, од каде погледот остава без здив. Белиот песок и ситните бели камчиња ја прават волшебна.
Кристално чиста вода, вегетација која расте речиси на плажата која е долга преку 3км. Ова се само неколку причини поради кои Скала е еден од најважните туристички центри на Кефалонија. Ова е идеална плажа за вистински да се одморите со книга или пиво во рака.
Да се посети уште еден остров за време на вашето патување, ова е прекрасна можност. Овој прекрасен ден ќе ја посетиме прекрасната плажа Навагио. А истовремено ќе ги видиме Сините пештери и местото Агиос Николаос, каде што ќе имаме слободно време за кафе или ручек. Овој остров ќе ве воодушеви со прекрасното тиркизно море.
Аргостоли е главниот град на Кефалонија и е сместен на едниот крај од заливот, а со другата страна на заливот е поврзан со преубавиот камен мост кој е заштитен знак на Островот. Овој мост е еднинствениот кој го преживеал земјотресот од 1953 година кога цел град бил срамнет со земја.Во овој град ќе можете да посетите некој од поголемиот број на кафичи, ресторани, таверни, сувенирници и да прошетате по преубаво уреденото шеталиште покрај самото море, кое е исто така заштитен знак на овој преубав град.
Овој ден го поминуваме во посета на културни дестинации на Кефалонија.
На источниот брег на Кефалонија, во близина на градот се наоѓа и неверојатната пештера Мелисани и истоименото живописно подземно езеро.
Ова место со право се смета за едно од најубавите природни знаменитости на Грција. Да ја посетите Кефалонија а да не го посетите ова чудо на природата е навистина жално.
Од овде одиме да го посетиме манастирот свети Герасимос- чудотворецот и заштитникот на овој остров.
Потоа винаријата Робола, каде што ќе може да дегустирате од ова прекрасно вино. И од овде го завршуваме денот повторно на плажа Макрос Гиалос.
За ова патување важат општите услови за патување на Т.А ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ. Истите можете да ги видите во „ПРЕВЗЕМИ ЈА ПОНУДАТА”
zako.mk © 2024