Menu

Кипар за викенд во Март

цена од

279

EUR

сега од

229

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
28.03.2026
30.03.2026
Авион
Хотел

Кипар е волшебен остров во источниот Медитеран, трет по големина остров во Европа со површина од 9.251 км2 и околу 233 км крајбрежје. Низ 10 000 годишната историја бил населен и освојуван од Грци, Римјани, Асирци, Персијци, Египќани, Византијци и Крстоносците, поради што тука се испреплетуваат митологијата и античката историја и со живописната култура и песочните плажи ја спојува во една незаборавна дестинација.
Познат како легендарното родно место на Афродита, грчката божица на љубовта, Кипар нуди уникатна комбинација на природна убавина и историско богатство. Од кристално чисти води и златни песоци до планински села и антички урнатини, секој агол на островот раскажува приказна. Она што го прави Кипар особено привлечен за посетителите е неговата различност. Без разлика дали сте ентузијаст за историја кој истражува римски мозаици во Пафос, авантурист кој пешачи по планините Тродос или едноставно сакате да се опуштите во луксузно одморалиште во Аја Напа или Лимасол, има по нешто за секого. На сето тоа, додадете топлото гостопримство, вкусната медитеранска кујна, прекрасните одморалишта, интересни настани, ноќен живот и повеќе од 300 сончеви денови годишно, и лесно е да се види зошто Кипар треба да биде на вашата листа за патувања.

Што е вклучено во цената

  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Ларнака
  • Директен лет на релација Скопје–Ларнака -Скопје
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm; ( дозволено едно парче багаж )
  • Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
  • Факултативна посета на Аја Напа
  • Факултативна целодневна посета на Никозија

Што не е вклучено во цената

  • Доплата за кабински багаж до10кг (55 x 40 x 20 cm) – (информации во агенција )
  • Влезници за локалитети (музеј, замоци и слично)
  • За еднокреветна соба се доплаќа 90 евра
  • Туристичка такса 5е од ноќ од соба (се плаќа на рецепција во хотел)

План и програма

28.03.2026

Состанок на патниците на аеродромот Скопје во договореното време. Два часа пред полетувањето на авионот. Внимавајте на вашиот авионски багаж да ги задоволува потребните димензии и килажа. Планирано полетување за Ларнака во 20:15 ч. Предвидено пристигнување во Ларнака во 22:30ч, организиран трансфер до хотелот, сместување и ноќевање.

29.03.2026

Појадок во хотел. По појадокот следува организиран разглед на Аја Напа, заминување на тиркизниот рај и најпознатиот туристички центар на Кипар . Протарас и Аја Напа – со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни пејсажи. Некогашно мало, рибарско село, сместено во увала, ќе имате можност да бидете сведоци на неверојатни погледи, идилични рибарски пристаништа, да истражите средновековни цркви, како и да го искусите познатиот жив ноќен живот, медитеранска храна, прошетка низ стариот дел на градот преполн со локални продавници и сувенири. Со автобус поаѓаме до Св. Елијас, традиционалното дрво на желби и панорамска точка за гледање на поглавје Илијада на Протарас. Од овде ќе го видите прекуморскиот Либан како и градот на духовите – Фамагуста. Далеку од метежот на централната Аја Напа, ќе добиете шанса да ги посетите морските пештери Кејп Греко – неверојатна, природна знаменитост долж крајбрежјето на Аја Напа со импресивни карпести формации и погледи. Следна станица ни е Мостот на Љубовта прекрасна туристичка атракција во Аја Напа, која се смета за еден од највпечатливите природни мостови на Кипар и паркот на склуптури. Во Аја Напа дури 14 плажи се одликувани со “Сино знаме”, па навистина нема да згрешите која плажа и да ја посетите, а најпопуларна (во Аја Напа и на целиот Кипар) е плажата Ниси. Ниси е плитка лагуна со кристално чиста, тиркизна вода и потсеќа на плажите во Малдиви. Овој ден е посветен и за уживање на Ниси Плажата – позната по белиот песок и кристално чисто море. Во договореното време поаѓање према Хотел. Слободни активности Ноќевање.

30.03.2026

Појадок во хотел. Одјавување од собите. Поаѓање према главниот град на Кипар Никозија. Еден град поделен на два со 130,000 жители , две временки зони , граница и пасошка контрола Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути и поместувањето на часовникот за еден час понапред е посебно искуство. Се посетува стариот град во Никозија – опкружен со неверојатен, совршено кружен ѕид, испрекинат со бастиони кои го прават градот да изгледа како ѕвезда одозгора. Ѕидовите биле изградени од Венецијанците во 16 век и сè уште се недопрени. Елефтерија плоштадот -и нтересно е како модерниот плоштад проектиран од Заха Хадид – топ 35 проекти, го одделува модерниот дел од градот од стариот дел на градот. Лаики Геитонија – Тоа е пешачка зона со градби од 18 век и комбинација од станбени куќи, уметнички продавници и таверни, Светата црква на Архангел Михаил – Прекрасен пример за франко-византиска архитектура каде ќе видите неверојатна вистина во внатрешноста на црквата, музејот за историја , како и најголемата банка на Кипар за која се кажува дека е во сопствеништво на Кипарската православна цркава. Слободно време за ручек/кафе во една од традиционалните таверни во Кипар или посета на Шаколас Кулата по избор или шопиг низ уличките на Никозија. По ручекот се заминува према зелената линија и познатиот зид кој го дели Кипар на Грчки и Турски дел. Опсерваторијата на кулата Шаколас ќе ви понуди панорамски поглед низ Никозија во сите правци – вклучително и во окупираниот дел од градот со поглед на 200 метарско севернокипарско знаме. Посета на Карвансарајот Бујук Ан и единствената готска Селимије Џамија која претходно била православна црква. Собир на групата во договорено време и поаѓање према аеродром во Ларнака со организиран трансфер. Планирано полетување од Ларнака во 22:55 . Пристигнување во Скопје 00:20 по локално време.

Сместување

Хотел со 3* во Ларнака

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

  • За реализација на програмата потребно е група од 25 патника
  • За еднокреветна соба се доплаќа 90 евра
  • Деца 2-11.99г плаќаат 250евра
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

399

EUR

сега од

349

EUR