Menu

MANSION HAVANA VILA – Закинтос

цена од

279

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

ЗАКИНТОС

ЗАКИНТОС е трет по големина, од седумте поголеми јонски острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови, се наоѓа во јужниот дел на Јонското море. Широките песочни плажи со егзотични заливи и 123 км долга обала, со години овој остров ги превлекува туристите. Закинтос е најпознат по големите морски желки наречени “CARETTA CARETTA” кои на Закинтос се заштитен вид бидејќи таму се размножуваат.

ЛАГАНАС се наоѓа на јужниот дел на островот одалечен 8 км од градот Закинтос и 7 км од аеродромот. Својата најголема популарност ја должи на преубавите песочни плажи и на лудиот ноќен живот. Предноста на Лаганас е што ја има една најубавите песочни плажи долга 5 км. Целата област е позната по големиот број ноќни клубови и барови. Ова не е местото кое го посакувате да го посетите доколку сакате мирен одмор.

Што е вклучено во цената

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Сместување на база 9 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Закинтос

  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Лаганас – Скопје

  • Организација на аранжманот и пратител на групатa

Што не е вклучено во цената

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2*  – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција

  • Превоз со брод на релација Килини – Закинтос – Килини 35 евра

  • Факултативни излети

  • Индивидуални трошоци.

План и програма

1.ДЕН / СКОПЈE – МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА

Поаѓање од пред Дрводекор во договореното време. Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2.-10.ДЕН / ГРЦИЈА – КИЛИНИ – ЛАГАНАС

Во претпладневните часови пристигнуваме на пристаништето Killini на Пелопонез. Влегување на траект и пловење до островот Zakintos. Пристигнување на островот во местото Laganas, сместување во Hotel или вила, Престој на Zakintos 9 ноќи… Laganas е познат по многубројните ноќни клубови, ресторани, таверни и барови каде што ноќните забави траат до раните утрниски часови. Сигурно е дека овде ќе пронајдеме одлична комбинација на одмор и добра забава. Журки, феноменални плажи и многу многу активности ќе го одбележат нашиот престој на Закинтос ова лето.

11.ДЕН / ЛАГАНАС – КИЛИНИ – ГРЦИЈА

Ги пакуваме куферите и ги напуштаме собите. Пловење со траект од Zakintos до Killini, денско и ноќно возење со автобус до Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

12.ДЕН / МАКЕДОНИЈА – СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Сместување

MANSION HAVANA VILA

Се наоѓа на 400 метри од морето и на 100 метри од главната улица. Располага со четворокреветни апартмани и двокреветни и трокреветни студија. Сите се опремени со фрижидер и клима уред кој се доплаќа, исто така имаат сопствено купатило и тераса.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

Наведените описи за излетите се од информативен карактер и може да бидат изменети од страна на локалните партнери кои се задолжени за нивната реализација.

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Најубавите плажи на Закинтос

Цена за пакет:

ПЛАЖА BANANA СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА СТЕ СПРЕМНИ ДОБРО ДА СИ ПОМИНЕТЕ НА НЕВЕРОЈАТНАТА ПЛАЖА BANANA. ЖУРКА НА ПЕСОЌНАТА ПЛАЖА, НЕБЕСНО ПЛАВА ВОДА И ЦЕЛ ЗА УЖИВАЊЕ. СТОТИНА МЛАДИ ОД ЦЕЛИОТ БАЛКАН, НАЈДОБРА HOUSE МУЗИКА И ПРЕУБАВА ПЛАЖА ЌЕ НАПРАВАТ НЕЗАБОРАВНА ЖУРКА НА ОВАА ФАКУЛТАТИВА. ПЛАЖА SV. NIKOLA ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ ПЛАЖИ НА ЦЕЛИОТ ОСТРОВ. КОЈА ПОКРАЈ СВОЈАТА УБАВИНА НУДИ И ДОСТА РАЗОНОДА, СПОРТОВИ НА ВОДА, РЕСТОРАНИ,BEACH БАРОВИ, МЕСТА ЗА ОДМОР И УЖИВАЊЕ…

Посета на градот Занте

Цена за пакет:

ГРАДОТ ЗАКИНТОС, ПОЗНАТ КАКО НОВА (CHORA) Е НОВ ГРАД И СЕ НАОЃА НА ИСТО МЕСТО КАДЕ Е И СТАРИОТ КОЈ Е УНИШТЕН ВО ГОЛЕМИОТ ПОЖАР И ЗЕМЈОТРЕС ОД 1953. ГОДИНА. НОВИОТ ГРАД Е ИЗГРАДЕН ВО НЕО – КЛАСИЧЕН И ВЕНЕЦИЈАНСКИ СТИЛ. ОВДЕ СЕ НАОЃА ДОЛГО ШЕТАЛИШТЕ, КАДЕ СЕ ПРОСТИРА ГЛАВНАТА УЛИЦА ALEXSANDROU ROMA ST. НАЈПОЗНАТ ПЛОШТАД Е СОЛОМОНОВИОТ ПЛОШТАД, КОЈ ВОЕДНО Е И НАЈГОЛЕМ НА ЗАКИНТОС. ТВРДИНАТА – BOHALI Е ЕДНО ОД НАЈУБАВИТЕ МЕСТА НА ОСТРОВОТ. ЌЕ ВИДИТЕ ЗАШТО ТОА МЕСТО Е ОМИЛЕНО НА ЛУЃЕТО ШТО ЖИВЕАТ ТАМУ.

Журка на брод

Цена за пакет:

Подгответе се за единствената журка на брод. По загревањето во нашиот бар, тргнуваме на неколку часа не заборавна журка на брод и бањање на преубавите заливи и плажи на островот Маратонизи. Ова е дефинитивно еден од најубавите факулатативни излети кој не смеете да го пропуштите…

Careta Careta

Цена за пакет:

ЗАКИНТОС Е ПОЗНАТ ПО ЕДИНСТВЕНАТА ВРСТА НА ОГРОМНИ ЖЕЛКИ “CARETA CARETA” КОИ ГИ ИМА ПО ЦЕЛИОТ ОСТРОВ, А ПОСЕБНО ВО ЈУЖНИОТ ДЕЛ НА ОСТРОВО. БРОД СО ПОСЕБЕН СТАКЛЕН ПОД, ИСПЛОВУВА ЗА ОСТРОВОТ MARATONISI КАДЕ ШТО ЌЕ УЖИВАМЕ ВО БАЊАЊЕТО И ПОТРАГАТА НА ОВИЕ РЕТКИ ВРСТИ НА ЖЕЛКИ. ПОПУЛАЦИЈАТА НА ОВИЕ ВРСТИ НА ЖЕЛКИ ЕГОЛЕМА ВО БЛИЗИНА НА ОСТРОВОТ MARATONISI ТАКА ДА ВИ ГАРАНТИРАМЕ ДЕКА СИГУРНО ЌЕ ГИ ВИДИТЕ И ФОТОГРАФИРАТЕ CARETA CARETA ЖЕЛКИТЕ. ПОСЛЕ ОБИКОЛКАТА НА ОСТРОВОТ MARATONISI, НА ОВА КРСТАРЕЊЕ ЌЕ ГИ ПОСЕТИМЕ И АФТЕНТИЧНИТЕ KERI ПЕШТЕРИ КОИ СЕ ПОЗНАТИ ПО СВОЈАТА НЕВЕРОЈАТНО ЧИСТА И ПЛАВА ВОДА. ЌЕ НАПРАВИМЕ УШТЕ ЕДНА ПАУЗА НА ПРЕУБАВА ПЛАЖА ВО БЛИЗИНА НА KERI ПЕШТЕРАТА КАДЕ ШТО ЌЕ ИМАТЕ ВРЕМЕ ЗА БАЊАЊЕ И УЖИВАЊЕ ВО НЕВЕРОЈАТНО ЧИСТАТА ВОДА.

Крстарење со брод

Цена за пакет:

ЌЕ УЖИВАТЕ ВО НЕВЕРОЈАТНИТЕ ПЕЈСАЖИ КОИ ГИ НУДИ ЗАКИНТОС, ЌЕ ГИ ВИДИТЕ TSILVI, ALIKES, НЕВЕРОЈАТНИТЕ ПЛАВИ ПЕШТЕРИ, NAVAJO ПЛАЖАТА ОД КОЈА ЗАСТАНУВА ЗДИВОТ. ФОТОГРАФИИТЕ ОД ОВИЕ ПЛАЖИ СЕ СИНОНИМ ЗА ГРЧКИОТ ТУРИЗАМ, И ГИ ИМА ВО СИТЕ ПРОСПЕКТИ И КАТАЛОЗИ ЗА ЛЕТО. СЕКАКО ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ ЗАСТАНУВАМЕ ЗА СЛИКАЊЕ, И БАЊАЊЕ НА СИТЕ ПРЕУБАВИ ЛОКАЛИТЕТИ.

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања