Menu

Нова Година 2022: Романија

цена од

139

EUR

сега од

119

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
30.12.2021
02.01.2022
Автобус
Хотел

Дали сте спремни за Нова Година во БУКУРЕШТ? Истражете ја Романија и откријте ја мистичноста на Трансилванија. Раскажете една поинаква новогодишна приказна. Одлична можност да ги посетите и доживеете замоците на Трансилванија на еден поинаков начин, покриени со снежна покривка.

Што е вклучено во цената

Автобуски превоз на релација Скопје- Букурешт – Скопје
2 Ноќевања со појадок во Хотел 3*
Разглед на градот Букурешт со водич
Организација на Новогодишна прослава на плоштад со превоз
Пратител и организација на патувањето

Што не е вклучено во цената

Дочек на Нова Година во дискотека
Факултативен излет „Трансилванија“ : Посета на замокот Пелеш со вклучена влезница и посета на градот Брашов (со превоз и пратител) – возрасни 35€ – студенти 30€
Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (25 евра превоз и влезница за бањите со користење на сите простории за 3 часа.)
Tуристичка такса 2 евра по лице за целиот престој
Патничко осигурување – 200 мкд.

План и програма

30.12.2021- Четврток Скопје - Букурешт

Собир на групата кај Дрво декор на паркингот наспроти Хотел Холидеј Инн. Поаѓање кон Романија во 19 часот. Ноќно возење преку Бугарија до Романија.

31.12.2021- Петок Букурешт

Очекувано пристигнување во утринските часови во Букурешт по што веднаш се започнува со разглед на градот.

Парламентот

Започнуваме со разглед на Букурешт со водич и се упатуваме кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. Слободно време за фотографирање со импозантното архитектурно дело.

Плоштадот на Револуцијата

Плоштадот на Револуцијата е следното место на посета. Тука ќе се запознаваме со неизбежната богата историја на Букурешт. Овој плоштад стана светски познат кога ТВ станиците насекаде низ глобусот ги пренесоа последните моменти на власт на Николај Чаушеску. Точно тука, од својот балкон на поранешните простории на Комунистичката партија, тој сведочеше во неверување како бесната маса на луѓе се свртува против него. Протестот избега од контрола, а Чаушеску избега од него со својот хелихоптер. Плоштадот е опколен со важни знаменитости: Кралската Палата која денес е Национален Музеј на уметност, Романскиот атенеум кој е седиште на филхармонијата, Централната Универзитетска библиотека, црвената црква Крецулеску и почетокот на фамозната авенија Викторија.

Calea Victoriei

Продолжуваме со кратко возење по авенијата Calea Victoriei, најстарата и најшармантната улица, порано позната како “Големата Улица „ или „Брашов пат“ заради тоа што била дел од трговската рута која водела од Букурешт до градот Брашов, во Трансилваниjа. Оваа улица е идеалната рута по која се гледаат најважните историски знаменитости и споменици на архитектурата кои го претставуваат Букурешт: Палатата ЦЕЦ, Националниот музеј на Историја, Палатата на националниот војнички круг, Музејот на уметност и секако плоштадот Викторија со своите атракции. Паралелно од нас мирно тече притоката на Дунав, реката Дамбовица. Повторно застануваме на еден од најголемите плоштади во центарот на градот, плоштадот Унири, од каде ги посетуваме Метрополитската црква- Патријаршијата, инспирирана од манастирот Куртеа де Агрес , со византиски ентериер и импозантни иконостаси, како и седиште на врховниот водач на православната Романска црква.

Куртија Веке

Слободно време за разглед на најстариот дел од градот Куртија Веке, изграден во периодот на владетелот Влад Цепеш Трети – Дракула, проширен во денес познатата шармантна област Липскани. Во историскиот дел од оваа област во кој се пронајдени докази за староседелците на Bukuresti , се верува дека подземно имал зандани во кои Влад Дракула ги чувал своите затвореници. Денес на тоа место се останати аркади, гробници, коринтска колонада и стари ѕидини како и најстарата Црква, која 2 века служела за крунисување на Романските принцови. Остатокот од областа Липскани може да се дефинира како срцето на Букурешт. Од средниот век се до 19от век била најважната комерцијална област во целиот град и пошироко. Овде најавтентично се чувствува живописниот карактер на градот, контрастите на старо и ново, на исток и запад, транзициите низ кои минува како и неговиот потенцијал.

Сместување во хотел. Слободно време за одмор.

Вечерта дочек на Новата 2022 Година на еден од плоштадите во Букурешт или факултативно забава до утринските часови во ноќен клуб.

Враќање во хотел. Ноќевање.

01.01.2022- Сабота Пелеш и Брашов

Појадок. По појадокот се упатуваме на факултативен излет кон Трансилванија. Посета на преубавиот замок Пелеш и магичното гратче Брашов.

Пелеш

Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните Кралски палати, на постоечка средновковна патека помеѓу Трансилваниа и Влашка, изградена во Нео-ренесансен стил- грандиозната палата на замокот Пелеш. Изградена да служи како летна резиденција на првиот Романски крал, е комбинација од различни класични Европски стилови, воглавно ја следи италијанската елеганција, германската естетика и ренесансните линии. На 3,200 квадратни метри површина се простираат 30 купатила и 170 соби уредени и категоризирани по стил или по одредена светска култура, а во нив, галерии, библиотеки,канцеларии. Самиот дворец поседува една од најубавите колекции на уметност во Источна и Централна Европа составена од статуи, слики, оружје, мебел, сликано швајцарско стакло,таписерии, кинески порцелан… Преку 6,000 парчиња кои ви го одземаат здивот.

Брашов

Лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати.Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Основан е од тетонските витези и развиен од Саксонците, познати ракотворци, кои ги издигнале тврдините на градот, неодамна обновени од Унеско. Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 год.

Враќање во хотелот во Букурешт.

Ноќевање.

02.01.2022 -Недела Термални Бањи - Скопје

Појадок,

Напуштање на хотелот.

Околу 10 часот факултативно заминување кон Термалните Бањи кој се наоѓаат во Северниот дел на Букурешт на само 30 км од ценарот на градот.

Дозволете си едно поинакво утро и 3 часовно целосно опуштање во Термалните Бањи.

Располага со 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалици на вода.Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, многубројни орхидеи и многу други уникатни видови на растенија. Идеално место за да избегнете од секојдневниот градски живот.

За сите останати што нема да ги посетат Термалните бањи имаат слободно време во трговскиот центар.

Поаѓање за Македонија во 15:00ч.

Очекувано пристигнување во Скопје, во раните утрински часови на 03.01.2022 Понеделник.

Сместување

Хотел во Букурешт

Сместување во хотел во Букурешт со појадок

Цени

Од

30.12.2021

До

02.01.2022

Цената е од лице

Цена

139 EUR

Од

30.12.2021

До

02.01.2022

Промо цена за 1/2 соба до 17.12

Цена

139 EUR

Промо Цена

119 EUR

Важно

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • За Романија може да се патува со сертификат за вакцинација, негативен антиген или ПЦР тест или потврда за прележан ковид од 14 дена до 180 дена
  • Oва патување важи само за вакцинирани лица и сите вакцини се признаени. Патниците кои патуват морат да имат задолжителен негативен ПЦР тест не постар од 48 часа за влез во Романија.
  • За влез назад во Македонија е потребно сертификат за вакцинација, документ за прележаност, пцр тест или антигенски тест.
  • За деца до 5.99год. не е потребен тест, а за деца од 6 до 15.99-потребно е да имаат негативен антиген или ПЦР тест
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Факултативен излет „TРАНСИЛВАНИЈА" и Брашов

Цена за пакет: 35e

Факултативен излет „Трансилванија“ : Посета на замокот Пелеш со вклучена влезница и посета на местото Бран со истоимениот Замок на Дракула( Влезницата за замокот не е вклучена. Цената за возрасни 40 леи за студенти 25 леи) и посета на градот Брашов (со превоз и пратител) – возрасни 35€ – студенти 30€

Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт

Цена за пакет: 25e

Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (25 евра превоз и влезница за бањите со користење на сите простории за 3 часа.)

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања