zako.mk © 2024
Париз – градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шанзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр – сликарската „Мека“, Пигал – најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град на сите уметности и светската мода, незаборавен по многубројните туристи, кои во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не’ врзуваат парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100 km метро и уште многу светски познати имиња. Париз е град кој никогаш, никого не остава рамнодушен. Проверете зошто е тоа така…
НОВИ И ПОСЛЕДНИ МЕСТА : 499 €
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:40 часот. Полетување кон Париз во 06:40 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 09:45 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел IBIS STYLES PARIS ASNIERES 3* . Слободно време за одмор а во попладневните часови пешачки разглед на Париз со локален водич (со доплата).По завршување на разгледот следуваат индивидуални прошетки и враќање во хотел.Ноќевање.
Појадок во хотел. По појадокот можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр,кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза.По завршување на посетата на Лувр следува индивидуално шетање по прекрасните Париски улици и градби (пешки или со метро) заедно со пратителот на групата…Нотр Дам, бизнис центарот Дефанс, Монмартр, црквата Sacre Couer, улицата Пигал и познатиот Mouline Rouge.Шетаме, се одмараме, се враќаме назад во хотел.Ноќевање.
Појадок во хотел. По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај (15 km ), изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек – дело на уметноста од 17-ти век. (во разгледот не се вклучени градините). Враќање назад кон Париз (15 km). Во попладневните часови можност за посета на Ајфеловата кула и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско издание. По посетата на Ајфеловата кула предлог Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
Појадок во хотел и одјавување. Организиран трансфер до аеродромот Буве (Beauvais). Полетување кон Скопје во 10:30 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 01:10 часот.
Сместувањето е со вклучен појадок во хотел со 3*
Задолжително пријавување за факултативите во агенција и за реализација 14 патника.
Општи напомени:
Сте слушнале за ЕТА CASHBACK картичката?
Со секоја ваша уплата на аранжман, добивате CASHBACK поени изразени во денари. Патникот добива повраток на средства од 400 до 4.100 денари CASHBACK во зависност од уплатата.
Пешачки разглед со локален водич
Посета на Версај со вклучена влезница за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич, трансфер, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција;
Влезница за Ајфелова Кула (на лице место) до втор кат – 28 €, до трет кат – 38 € (со лифт);
Крстарење со брод по Сена
Посета на Лувр (вклучена влезница+ пратител на групата, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција);
За патување кое е организирано од страна на Т.А.ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ, патникот може да се пријави во сите простории на Т.А.ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ. Пријавата станува валидна по потврдата од страна на службата за резервации, со обврзно потпишување на писмен договор за патување. Со својот потпис на договорот за патување, патникот потврдува дека е запознаен со содржината на Општите услови на патување како и со програмата на патување и дека тоа го прифаќа. Со пријавата, патникот е должен да уплати обврзна аконтација во висина од 30% од износот на целиот аранжман, доколку не е поинаку предвидено во програмот на патување. Останатиот износ се уплатува најдоцна 10 дена пред почетокот на патувањето, доколку со програмот на патување не е одреден друг рок. Доколку патникот во рокот кој е предвиден со договорот, програмот на патување или со општите услови на патување не ја изврши уплатата во целост, организаторот ќе смета дека патникот се откажува од аранжманот и ќе ги наплати трошоците за отказ на аранжманот согласно на Член 10 Откажување од патувањето од страна на патникот.
Организаторот на патувањата е должен пред се да се однесува со внимание како во поглед на услугата така и со одбирањето на лицата на кои им е поверено извршувањето на поедини услуги и да се грижи за интересот на патниците согласно професионалните принципи во туризмот. Покрај тоа организаторот на патувањето е должен да:
Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско – конзуларното претставништво го одбие издавањето на влезна виза или доцни со издавањето на визата, или ако имиграционото одделение на странска земја не одобри влез на одреден патник, ниту за било кои други последици кои произлегуваат поради евентуалната неисправност или губење на патните документи на патникот. Во овие случаи патникот сам, ги плаќа дополнителните трошоци.
zako.mk © 2024