Menu

Сараево за Нова Година 2024

цена од

145

EUR

сега од

125

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
29.12.2023
01.01.2024
Автобус
Хотел

Дочек на Новата Година во Сараево. Тридневна екскурзија која ќе ви остане во сеќавање, прошетка низ убавините на Босна и Херцеговина. Нашите ноќевања се во „Ерусалимот на Балканот” поточно Сараево и подгответе се да ги замислите новогодишните желби под небото на Балканска Швајцарија. Во продолжение програмата за Босна..

Што е вклучено во цената

  • Превоз oд: Битола(Спортска сала), Прилеп(Лукоил бензинска), Росоман (пазарче), Велес(Макпетрол), Скопје(Дрводекор) и Куманово (Макпетрол бензинска)
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Разглед на Сараево со локален водич
  • Туристички придружник за време на патувањето
  • Посета на Вишеград и Андриќград

Што не е вклучено во цената

  • Босански пакет ( Јабланица,Мостар и Босански пирамиди) 70eвра
  • Босанските пирамиди (Тунел равно)- 25 евра
  • Крстарење по Дрина- 5 евра од лице
  • Туристичка такса- 2 евра од лице за две ноќевања (задолжително)
  • За екскурзиите е задолжителна пријава во агенција. Уплатата е во автобус
  • Патничко осигурување
  • Дочек на Нова Година на плоштад кадешто ќе настапуваат 4 бенда: “Zabranjeno pusenje”, “Crvena jabuka”, “Bombaj shtampa”, i “Letu shtuke”.

План и програма

ПРВ ДЕН 29.12.2023 (ПЕТОК)

Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Скопје, пред Хотел Русија е околу 20:30ч но патниците за точно време на поаѓње се известуваат на еден ден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.

ВТОР ДЕН 30.12.2023 (САБОТА)

Пристигнување во Сараево и упатување на разглед на Сараево со локален водич. Разгледот започнува од “Vijecnica”па до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, хотел Европа, австро-унгарскиот дел, плоштадот Маршал Тито, местото каде е формирана групата INDEXI, Бегова Џамија и Башчаршија. Разгледот се прави се со цел патниците подобро да се запознаат со градт.Можност за организирана вечера доколку има интерес од страна на група. Слободно време, и упатување кон хотел за сместување.Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 31.12.2023 (НЕДЕЛА)

Третиот ден започнува со појадок во хотел. Заминување на екскурзија оклолу 11:00ч. Патниците ќе имат можност да се одморат од бурната ноќ за дочекот и да бидат свежи за истражување на Босна. 😊
Првото место за посета е Јабланица. Групата ќе има можност да го посети местото каде била Битката на Неретва 1943 год. позната како “Bitka za Ranjenike” која била 4-та непријателска офанзива на НОВЈ. Ито така овде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“ 1969 год..😊 Кратка пауза за фотографија и заминување кон Мостар.
Се посетува стариот мост, каде што можете да направите фантастични фотографии . Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со  бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде. Заминување кон Сараево. Дочек на Нова Година на плоштад кадешто ќе настапуваат 4 бенда: “Zabranjeno pusenje”, “Crvena jabuka”, “Bombaj shtampa”, i “Letu shtuke”. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање

ЧЕТВРТИ ДЕН 01.01.2024 (ПОНЕДЕЛНИК)

По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под  пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. По посетата се враќаме во хотел. Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се поаѓа кон Вишеград.
Прекрасен град каде туристите имаат можност да одат на крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден по наредба на Мехмед Паша Соколовиќ и денес е под заштита на UNESCO, опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Во Вишеград исто така ќе имате можност да го посетите Aндриќград познат како и Каменград кој инвеститор е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка. Заминување кон Македонија.

Сместување

Хотелско сместување со 3*

Хотелот се одредува кога е затворена продажбата за турата.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

 

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

  • За деца од 3 полни до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжманот
    -Во случај да нема доволен број на патници од наведените градови за превоз, се организира трансфер до Скопје
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за време на патувањето од Скопје до Сараево и назад. Не и за време на екскурзиите
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Крстарење по Дрина

Цена за пакет: 5€

Босански пирамиди (Равно тунел лековити простории)

Цена за пакет: 25€

Босански пакет (Јабланица, Мостар и Босански пирамиди)

Цена за пакет: 70€

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања