Menu

Велигден 2024 на Остров Крф во фантастичниот Robolla Hotel

цена од

179

EUR

сега од

159

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
02.05.2024
06.05.2024
Автобус, Тракет
Хотел

ETA оди скала погоре во организацијата на најдоброто и најпознато патување за велигден! Патувањето на Остров Крф за Велигден во 2024-та година ќе го доживеете за првпат поразлично од сите аранжмани кои до денеска се нудеа на пазарот!

ЕТА ВЕ ВОДИ ВО ФАНТАСТИЧНИОТ ROBOLLA HOTEL 4* КОЈ СЕ НАОЃА НА САМА ПЛАЖА!

Хотелот е во сопствен закуп на ЕТА од причина што Велигден ова година е во месец мај, што ви овозможува плажирање покрај море и уживање во топлото време!

Хотелот се наоѓа на песочната плажа Рода во близина на местото каде Одисеј нашол мир и спокој! Врвна услуга, прекрасен амбиен, прекрасна градина и поглед од милион долари!

Покрај сместувањето ЕТА годинава ви овозможува уште неколку бесплатни активности во програмата:

– Нашата агенција е првата која бесплатната посета на стариот град на Крф го надополнува со TREASHURE HUNTING игра каде цела група добива дизајнирани карти од стариот град каде се кријат разни скирени подароци за најбрзите!

-Дегустација на многу производи

ПОРАДИ ОГРАНИЧЕНИТЕ МЕСТА ВО ХОТЕЛОТ, МЕСТАТА ЗА ВЕЛИГДЕН 2024 СЕ СТРОГО ОГРАНИЧЕНИ!

За оние пак кои се уште сакаат да престојуваат во класични студиа во Ипсос, не заборавајте дека ЕТА има свој велигденски закуп и во Ипсос.

Што е вклучено во цената

ЗА ROBOLA HOTEL 159€ по лице
3 ноќевања во хотел Робола на база појадок
Автобуски превоз Скопје-Игуменица-Скопје
Билет за траект Игуменица-Крф-Игуменица
TREASHURE HUNTING активнос во градот Крф
Дегустација на локално вино
Лиценциран туристички придружник
Целосна организација и координација на програмата

ЗА СТУДИА ВО ИПСОС 129€ по лице
3 ноќевања во студиско сместувње без храна
Автобуски превоз Скопје-Игуменица-Скопје
Билет за траект Игуменица-Крф-Игуменица
Лиценциран туристички придружник
Целосна организација и координација на програмата

 

Што не е вклучено во цената

Факултативни посети чии цени ќе бидат истакнати дополнително
Туристичка такса која се плаќа на лице место
Индивидуални трошоци за храна, влезници и сувенири

План и програма

ПРВ ДЕН 02.05.2024 (ЧЕТВРТОК)

Собир на групата пред Хотел Русија околу 22-23 часот. За точно време на поаѓање кон остров Крф патниците ќе добијат инфо најдоцна на два дена пред поаѓање, во зависност од возниот ред на траект компаниите.

Ноќно возење со попатни паузи.

ВТОР ДЕН 03.05.2024 (ПЕТОК)

Траектот е во утринските часови. Возењето со траект би бил на релација Игуменица – Крф. Пристигнување на Крф. Сместување во апартманите/хотелите. Краток одмор. Програмата започнува со посета на стариот град Крф околу попладне 17:00часот – Велики Петок е денот на Христовото страдање. Додека еден филхармониски оркестар, облечен во црвени униформи, ја свири “Adagio” од Албиниони, друг оркестар го свири “Посмртниот марш” од Шопен. Многуте присутни оркестри, свират тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класична музика. Мали девојчиња ги украсуваат епитафите со цвеќиња, а во церемонијата учествуваат и училиштата и момчињата од извидничките одреди. Последниот Епитаф, кој е и најимпресивниот се појавува во 22.00часот.

По завршувањето на овие настани, групата се враќа во сместување, каде препорачуваме да посетите некоја од локалните таверни. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 04.05.2024 (САБОТА)

Овој ден е резервиран за вториот дел од Велигденската прослава, односно првата поворка наречена, првото Воскресение кое започнува во 09.00часот. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Има повеќе легенди поврзани со овој светец кои ја објаснуваат вербата и почитта на народот кон него. Една од нив го споменува неговото влијание при повлекувањето на турската инвазија од островот. Тој се појавувал напомош на генералите кои се бореле да го ослободат островот. Облечен во темна наметка со запален факел влевал страв во умот на освојувачите наметнувајќи им опасност од натприродни сили. Во друга легенда пак, повторно се спомнува неговото херојство при бркање на опасната чума од градот, која бегајќи ги оставила своите траги на градските ѕидини. Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови.

Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „утринското воскресение“ и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Друго објаснување за овој обичај е дека има паганско потекло и дека со вревата направена од кршењето, Античките Грци сакале да ја разбудат Персефона, божицата на пролетта и да го забрзаат нејзиното доаѓање. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика.

Во договорено враќање во сместување.

Во вечерните часови поаѓање кон градот Крф за проследување на последниот дел од традиционалната прослава,односно Христовото Воскресение.

На полноќ,илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение со спектакуларен огномет.

Враќање во сместување.Ноќевање

 

ЧЕТВРТИ ДЕН 05.05.2024 (НЕДЕЛА)

Овој ден е предвиден за прошетка низ Крф. Ги посетуваме Палеокастрица, фабриката Василакис, Kaнони и палатата Мон Репос.

Еден од најубавите предели на островот Крф. Палеокастрица нуди две прекрасни плажи со тиркизно море. Едната е песочна плажа, а другата е карпеста. Помеѓу двете плажи се наоѓа манастирот Пресвета Богородица, коj е стациониран на брдо кое како видиковец ви нуди прекрасен поглед кон отвореното Јонско Море. Нашите сместувања се наоѓаат на источниот брег на осторвот, а Палеокастрица е на западниот брег. Самото патување до Палекастрица е приказна, бидејќи ќе ја имате можноста да се запознаете со прекрасната вегетација на островот.

Покрај Палеокастрица, ќе ја посетиме и фабриката за производство на разни специјалитети од Кумкват. За повеќето од вас Кумкват е нешто сосема ново што го слушате за првпат, но треба да имате предвид дека ова е растение кое расте исклучиво на осторовт Крф. Доста скапо овошје, кое мештаните го третираат како природното злато. Денеска на островот Крф се наоѓа фабрика за производство на ликери од Кумкват, а покрај ликерите се произведуваат и разни благи закуски. Ние со посетата ќе имаме можност да дегустираме разни специјалитети и ликери.

Потоа се упатуваме кон Канони-едно од најубавите места на островот поради незаборавниот поглед што им го нуди на посетителите. Доколку пребарувате на Google фотографии од островот Крф, со сигурност оваа локалција ќе ви го привлече вниманието. За време на посетата на Канони, ќе имаме можност да го посетиме Светиот манастир Панагија Влачерна, а исто така ќе имаме можност да пиеме кафе со панорамски поглед кон морската ширина.

Последното попатно застанување со автобусоте паркот на принцот Филип-Мон Репос.

Турата не би била комплетна ако како попатна дестинација не го вклучиме паркот на „Принцот Филип“, таткото на сегашниот крал на Велика Британија- Кралот Чарлс. За време на посетата на паркот ќе направиме обиколка на неколку локации, меѓу кои и куќата во која тој доаѓал често на летување.

Турата е целодневна и се реализира со автобуски превоз. За време на турата имате наш претставник кој ќе ви сподели информации за самите локации.

Враќање во сместување.
Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН 06.05.2024 (ПОНЕДЕЛНИК)

Напуштање на собите во Ипсос до 10:00ч. Пред да си заминеме кон Македонија патниците имаат слободно време.

Во попладневните часови  го започнуваме патот со траект кон Игуменица од каде продолжуваме со возење кон Скопје.

Очекувано пристигнување во Скопје во раните утрински часови по полноќ.

Сместување

Hotel Robolla

Апартхотелот Robolla Beach во Рода,Крф е уникатно место за уживање. На гостите им нуди одлични капацитети. Има два ресторани, инфинити базен и бар покрај базен. Има и продавница каде што гостите можат да ги купат сите потребни работи за одличен престој. Уживајте покрај базенот на лежалки. Апартхотелот Robolla Beach нуди базени на две различни локации за ваша погодност и секако базени погодни за деца.

Aparthotel Robolla Beach им овозможува на своите гости директен пристап до прекрасната песочна плажа веднаш пред самиот хотел. Освежителниот морски ветар на Јонското Море и топлото медитеранско сонце ќе ви го направат вашиот престој релаксиран. Морето е погодно и за деца бидејќи е плитко неколку метри. Во исто време, на плажа гостите на Robolla Beach Aparthotel можат да уживаат во лежалките и чадорите што ги нуди хотелот потполно бесплатно. Последно, но не и најмалку важно, Thalassa – Beach Bar нуди коктели и разни пијалици за секого.

Хотелот има и теретана, одбојкарско игралиште на плажа и спа просторија за масажи.

Apartment Deluxe 1/2

Апартманите делукс 1/2 се со 45 квадратни метри, прекрасно уредени соби се состојат од една спална соба и дневна со една софа кревет, една фотелја претворена во единечен кревет, одделени со лизгачки врати, една комплетно опремена кујна со фрижидер ( машина за кафе, соковник, бојлер итн.) една бања со када и тераса со маса и столици за целото семејство. Објектите вклучуваат Wi-Fi интернет конекција, сателитска ТВ, директен телефон, фен, клима и приватен сеф, со цел да се обезбеди пријатен и релаксирачки престој и за децата и за возрасните.

Во апартманот може да се сместат 2 возрасни и 2 деца кои би спиеле на креветот на развлекување.

Apartment Deluxe 1/3

Апартманите делукс 1/3 се со 45 квадратни метри, прекрасно уредени соби се состојат од една спална соба и дневна со една софа кревет, една фотелја претворена во единечен кревет, одделени со лизгачки врати, една комплетно опремена кујна со фрижидер ( машина за кафе, соковник, бојлер итн.) една бања со када и тераса со маса и столици за целото семејство. Објектите вклучуваат Wi-Fi интернет конекција, сателитска ТВ, директен телефон, фен, клима и приватен сеф, со цел да се обезбеди пријатен и релаксирачки престој и за децата и за возрасните.

Во апартманот може да се сместат 3 возрасни лица.

Apartment Deluxe 1/4

Апартманите се со големина од околу 50 квадратни метри, овие пространи апартмани располагаат со две спални соби (едната со брачен и другата со два единечни кревети), комплетно опремена кујна со фрижидер (кафемат, соковник, бојлер итн.), една бања. со када и балкон со маса и столици.
Објектите вклучуваат WI-FI интернет конекција, сателитска ТВ, фен, удобности, клима уред и приватен сеф.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Посета на Палеокастрица, Канони, Mon Repos, фабрика за локални органски производи

Цена за пакет: 40е

Да појдете на островот Крф, а да не го посетите Канони, е налик на да појдете за првпат во Истанбул, а да не ги посетите Аја Софија или Капали Чаршија.

Канони има име кое потекнува од стариот топ што се наоѓа на врвот на ридот. Овој рид е полн со бујно зеленило и има многу луксузни хотели и локални вили. На неколку чекори надолу по ридот од Канони ќе наидете на малата црква Panagia Vlacherna. Тесен 300 метарски пешачки премин го поврзува островот со црквата. Конструирана во 17ти век, оваа прекрасна капела внатре крие импресивни резбани иконостаси од дрво и прекрасни фрески. Рибарски бротчиња заминуваат често од црквата и одат до легендарниот остров на Глувчињата, кој се наоѓа на само 5 минути возење со брод.

Палеокастрица нуди две прекрасни плажи со тиркизно море. Едната е песочна плажа, а другата е карпеста. Помеѓу двете плажи се наоѓа манастирот Пресвета Богородица, коj е стациониран на брдо кое како видиковец ви нуди прекрасен поглед кон отвореното Јонско Море. Самото патување до Палекастрица е приказна, бидејќи ќе ја имате можноста да се запознаете со прекрасната вегетација на островот.

Покрај Палеокастрица, ќе ја посетиме и фабриката за производство на разни специјалитети од Кумкват. За повеќето од вас Кумкват е нешто сосема ново што го слушате за првпат, но треба да имате предвид дека ова е растение кое расте исклучиво на осторовт Крф. Доста скапо овошје, кое мештаните го третираат како природното злато. Денеска на островот Крф се наоѓа фабрика за производство на ликери од Кумкват, а покрај ликерите се произведуваат и разни благи закуски. Ние со посетата ќе имаме можност да дегустираме разни специјалитети и ликери.

Турата не би била комплетна ако како попатна дестинација не го вклучиме паркот на „Принцот Филип“, таткото на сегашниот крал на Велика Британија- Кралот Чарлс. За време на посетата на паркот ќе направиме обиколка на неколку локации, меѓу кои и куќата во која тој доаѓал често на летување.

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања