Menu

Велигден на Остров Крф 2025-та

цена од

159

EUR

сега од

139

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

Сакате да бидете сведоци на традицијата која се раскажува секоја година за велигденските денови. Прославата на Велигден кој е на ист датум како и во Македонија е незаборавно искуство. Атмосфера на радост, веселба и славење на свети Спиридон чии мошти се изнесуваат од гробницата и ги носат по улиците на градот кој нуди едно поразлично доживување. Сплет на културолошките активности со прославата на Велигден е далеку поразлична од било кое место во целиот свет. Ова тридневно уживање ќе ве воодушеви и ќе ви отвори сосема нови видици за тоа како се слави Велигден на овој остров. Претпоставувам не би пропуштиле.

 

                                                                                                                           

Што е вклучено во цената

  • 3 ноќевања во Ипсос апартман без појадок
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Крф – Скопје
  • Трансфер од Прилеп ,Битола и Штип
  • Превоз со траект на релација Игуменица – Крф – Игуменица
  • Следење на целата програма за Велигден (превоз и водство до прославите во градот Крф)
  • Туристички пратител во текот на целиот престој

Што не е вклучено во цената

  • Туристичка такса – околу 6 евра по лице
  • Целодневен факултативен излет (Палеокастрица, фабриката Василакис, Канони и Мон Репос) 50 евра по лице
  • Патничко осигурување

План и програма

ПРВ ДЕН 17.04.2025 (четврток)

Собир на групата пред Хотел Русија околу 22-23 часот. За точно време на поаѓање кон остров Крф патниците ќе добијат инфо најдоцна на два дена пред поаѓање, во зависност од возниот ред на траект компаниите. Ноќно возење со попатни паузи.

ВТОР ДЕН 18.04.2025 (петок)

Пристигнување во Игуменица во раните утрински часови и качување на траект, со кој се упатуваме кон Островот. Пловењето трае околу 1 час и 45 минути. Пристигнување на пристаништето и упатување кон сместувачките објекти. Слободно време се до 17 часот, кога се упатуваме кон првите велигденски церемонии во главниот град на островот, Керкира, каде правите краток инфо разглед, за подобро запознавање со централниот дел од градот. Сите активности, поворки, манифестации се одржуваат токму во овој дел од градот. Во вечерните часови се враќаме назад кон сместувањето во договореното време со водичот. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 19.04.2025 (сабота)

Овој ден е резервиран за вториот дел од Велигденската прослава, односно првата поворка наречена, првото Воскресение кое започнува во 09.00 часот. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Има повеќе легенди поврзани со овој светец кои ја објаснуваат вербата и почитта на народот кон него. Една од нив го споменува неговото влијание при повлекувањето на турската инвазија од островот. Тој се појавувал напомош на генералите кои се бореле да го ослободат островот. Облечен во темна наметка со запален факел влевал страв во умот на освојувачите наметнувајќи им опасност од натприродни сили. Во друга легенда пак, повторно се спомнува неговото херојство при бркање на опасната чума од градот, која бегајќи ги оставила своите траги на градските ѕидини. Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови. Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „утринското воскресение“ и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Друго објаснување за овој обичај е дека има паганско потекло и дека со вревата направена од кршењето, Античките Грци сакале да ја разбудат Персефона, божицата на пролетта и да го забрзаат нејзиното доаѓање. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика. Во договорено враќање во сместување. Во вечерните часови поаѓање кон градот Крф за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото Воскресение. На полноќ, илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение со спектакуларен огномет. Враќање во сместување. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН 20.04.2025 (недела)

Овој ден е предвиден за прошетка низ Крф. Ги посетуваме Палеокастрица, фабриката Василакис, Kaнони и палатата Мон Репос. Еден од најубавите предели на островот Крф. Палеокастрица нуди две прекрасни плажи со тиркизно море. Едната е песочна плажа, а другата е карпеста. Помеѓу двете плажи се наоѓа манастирот Пресвета Богородица, коj е стациониран на брдо кое како видиковец ви нуди прекрасен поглед кон отвореното Јонско Море. Нашите сместувања се наоѓаат на источниот брег на осторвот, а Палеокастрица е на западниот брег. Самото патување до Палекастрица е приказна, бидејќи ќе ја имате можноста да се запознаете со прекрасната вегетација на островот. Покрај Палеокастрица, ќе ја посетиме и фабриката за производство на разни специјалитети од Кумкват. За повеќето од вас Кумкват е нешто сосема ново што го слушате за првпат, но треба да имате предвид дека ова е растение кое расте исклучиво на осторовт Крф. Доста скапо овошје, кое мештаните го третираат како природното злато. Денеска на островот Крф се наоѓа фабрика за производство на ликери од Кумкват, а покрај ликерите се произведуваат и разни благи закуски. Ние со посетата ќе имаме можност да дегустираме разни специјалитети и ликери. Потоа се упатуваме кон Канони – едно од најубавите места на островот поради незаборавниот поглед што им го нуди на посетителите. Доколку пребарувате на Google фотографии од островот Крф, со сигурност оваа локалција ќе ви го привлече вниманието. За време на посетата на Канони, ќе имаме можност да го посетиме Светиот манастир Панагија Влачерна, а исто така ќе имаме можност да пиеме кафе со панорамски поглед кон морската ширина. Последното попатно застанување со автобусоте паркот на принцот Филип-Мон Репос. Турата не би била комплетна ако како попатна дестинација не го вклучиме паркот на „Принцот Филип“, таткото на сегашниот крал на Велика Британија – Кралот Чарлс. За време на посетата на паркот ќе направиме обиколка на неколку локации, меѓу кои и куќата во која тој доаѓал често на летување. Турата е целодневна и се реализира со автобуски превоз. За време на турата имате наш претставник кој ќе ви сподели информации за самите локации. Враќање во сместување. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН 21.04.2025 (понеделник)

Напуштање на собите во Ипсос до 10:00ч. Пред да си заминеме кон Македонија патниците имаат слободно време. (опционално Палеокастрица и Василакис – 15 евра) Во попладневните часови го започнуваме патот со траект кон Игуменица од каде продолжуваме со возење кон Скопје. Очекувано пристигнување во Скопје во раните утрински часови по полноќ.

Сместување

Вила во Ипсос

Сместувањето е на 20км. од стариот град Крф

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Цени

Од

17.04.2025

До

21.04.2025

со уплата до 10.03.2025 год.

Цена

159 EUR

Промо Цена

139 EUR

Важно

 

    • За деца од 3 до неполни 11,99 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 11.99 неполни години, за детето се плаќа 70% од сумата на аранжманот
    • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
    • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
    • За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
    • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
    • Сместувачките капацитети се приватни сместувања во Ипсос.
    • Сместувачките капацитети располагат со 1/2, 1/3 и 1/4 студиа.
    • Хигиената во самиот објект ја одржуват гостите.
    • Користење на клима не е вклучена во цената и истата се доплаќа кај сопствениците на објектите
    • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Палеокастрица,фабриката Василакис,Kaнони и Палатата Мон Репос

Цена за пакет: 50 €

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања