Menu

Vila Dina – Кeфалонија

цена од

259

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

КЕФАЛОНИЈА

Кефалонија е најголем остров во Јонското море, сместено јужно од Лефкада и Итака и северно од Закинтос. Кефалонија е грчки остров, кој ќе ве маѓепса на прв поглед. Обалата му е преполна со заливи. Плажите претежно се каменести и песочни. Тоа што со сигурност е загарантирано е кристално чистото море! Кефалонија е остров со чудесни пејсажа, преубави плажи, симпатични места, љубезни домаќини, остров на мирот и спокојот, кое ќе Ве натера повторно да го посетите.

Порос е едно од најубавите и најатрактивните места на Кефалонија. Сместен е во подножјето на планините Атрос и Пахни и окружен е со бујна вегетација. Не е класично туристичко летувалиште, повеќе е активно градче и пристаниште во кое доаѓаат туристи највеќе од Западна Европа. Од главниот град Аргостоли е одалечен 41км, а до Скала 12 км. Порос ги има скори сите содржини, од убави плажи, романтични шеталишта, до најубавите таверни и ресторани на Кефалонија, односно продавници, бутици и сувенирници. Порос е сместен во југоисточниот дел на островот Кефалинија, е тоа е трето пристаниште на островот од кое тргнуваат траектите за Пелопонез.

Што е вклучено во цената

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Сместување на база 9 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Кефалонија/Порос
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје
  • Организација на аранжманот и пратител на групатa

 

Што не е вклучено во цената

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување
  • Бродкса карта на релација Келини – Порос – Келини кој чини 35 евра
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2* – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција.
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.

План и програма

1 ДЕН : СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА

Состанок на групата на договорена локација во Скопје, тргнување во попладневните часови. Следува возење преку Македонија и Грција со кратки паузи поради одмор, како и за регулирање на граничните формалности.

Преминување граница. Контрола и царински формалности

2 – 10 ДЕН : КЕФАЛОНИЈА

Во утринските часови пристигнување на пристаништето Килини. Следува трансфер со траект до Кефалонија. Пристигнување на преубавата Кефалонија во претпладневните часови и следува краток трансфер до сместувањата. На најголемиот остров на Јонското море ќе поминеме во наредните 10 дена. На островот не очекуваат сјајни факултативни излети. Преку ден ќе уживаме на најубавите плажи, ќе го посетиме чудесното езеро Мелисани, а навечер ќе уживаме во прекрасната марина во Порос. На Кефалонија очекувајте го неочекуваното…

Не заборавна летна авантура

11 ДЕН : KЕФАЛОНИЈА – ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА

Во утринските часови следуба напуштање на сместувањата и следува пакување на куферите во автобус. Слободно време. Трансфер до пристаништето каде следува возење со траект, од каде продолжуваме со патувањето преку Грција со попатни паузи за одмор и регулирање на граничните формалности…

Проверка на соба и тргнување за дома.

12 ДЕН : МАКЕДОНИЈА – СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Сместување

Vila Dina

Vila Dina се наоѓа во Порос, на 50 метри од плажа и 70 метри од центрот во Порос, секоја соба има куја која е опремена со решо и фрижидер исто така собите имаат и сосптвено купатило и сопствена тераса.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

Наведените описи за излетите се од информативен карактер и може да бидат изменети од страна на локалните партнери кои се задолжени за нивната реализација.

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Argostoli By Night

Цена за пакет:

Возбудливиот и магичениот ноќен живот во Аргостоли е подготвен за сите нас. На самата обала во Аргостоли, постои преубава променада украсена со раскошни палми, а во ноќните саати ова е омилено место за прошетка и провод. Ќе ја прошетаме исто така и најпознатата пешачка зона за шопинг Литострато и ќе уживаме во најубавиот залез на сонцето од камениот моста Драпано и исто така на главниот плоштад Валианос ќе ги дегустираме едени од најубавите сладоледи во слаткарницата Премиер.

Журка на брод

Цена за пакет:

Крстарење на отворено море со препознатливите звуци на BALKAN FUN DJ-еите на еден од најлуксузните бродови кој е подготвен да исплови со патниците. Во текот на уживањето во пловењетопо Јонското море, сите заедно застануваме да се разладиме во кристално чистото море и да правиме разноразни креативни скокови во вода каде што нашите фотографи ќе направат слики за паметење. Ова е дефинитивно еден од најубавите факултативни излети кој не смеете да го пропуштите!

 

Етно тура Кефалонија

Цена за пакет:

Со оглед на тоа што островот Кефалонија е единствен остров со национален парк од сите острови на јонското море, поради тоа е единствен остров кој може да ви пружи многу повеќе од само прошетка по разни плажи. На етно турата ке разгледаме невидени атракции кои морате да ги посетите додека сте на летување на Кефалонија. ДРОГАТИ ПЕШТЕРАТА е еден од најпознатите локалитети на Кефалонија. Овој природен феномен е стар преку 150 милиони години, а најпознат дел од пештерата.

Крстарење до Закинтос

Цена за пакет:

Крстарењето до Закинтос е излет кој ќе го направи вашето летување не заборавно. Можноста да се посети уште еден остров на ова патување е извонредна прилика која е и наша топла препорака. Во текот на ова полудневно крстарење ќе имате прилика да се избањате на најголемата и најубавата плажа NAVAJO и направите феноменални фотографгии од ова крстарење. Исто така ги посетуваме Blue Caves како и местото SV. NIKOLA, сето тоа со интересна приказна која ќе ја слушнете од локалниот водич за знаменитостите на Закинтос.

Чудесните плажи на Kефалонија

Цена за пакет:

Кефалонија е сигурно остров со единствени плажи на целиот јонски архипелаг, а ние за вас ги одбравме најубавите да ги посетиме. SKALA / AMMOS BEACH BAR – е песочна плажа која е наградена со плаво знаменце за кристално чиста вода. Во Amos Beach Bar кој е дефинитивно најубав и најинтересен Beach Bar на целиот остров,овде ќе правиме дневни забави и игри без граници со најдобри коктели. ANTISAMOS – е скриена оаза на северо источниот дел на островот во близина на градот Самија. Опкружена со зимзелена шума, плажа со ситни каменчиња и проѕирната вода дава впечаток како да се бањате во природен аквариум, полн со шарени рибчиња, ова искуство неможете да го добиете на ниту еден друг остров. MIRTOS – дефинитивно кралица на овој остров, каде се снимени многу филмови и исто така се снимени сцени на филмот Мандолината на Каметанот Корелија со Николас Кејџ. Оваа плажа ја ставаат во топ 10 плажи во светот. Белите каменчиња и тиркизната вода ја покажуваат нејзината величенственост. Оваа плажа е со закон заштитена и во целост не комерцијализирана поради сочувување на нејзината убавина која допринесува посебен шмек на островот Кефалонија. KSI Плажа – е навистина посебна плажа која е крунисана со плавото знаменце која означува посебен квалитет и чистина на водата, која е не секојдневна во грчкото море. Она што оваа плажа ја прави посебна е невообичаената црвено- портокаловата боја на песокот која во комбинација со сината вода прави да се чувствувате феноменално и да уживате. *Плажите Миртос и Кси се посетуваат во еден ден. Предвидено е задржување на плажата Миртос од само еден час.

Scala By Night

Цена за пакет:

Разглед на најгостопримливото место во близина на Порос кое е гнездо на најроматични ресторани со најголем избор на грчка традиционална кујна и медитерански специјалитети. Го издвојуваме од лепезата на ресторани уникатното место Il Destino кој нуди избор и на италијански јадења.

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања