Menu

Врњачка Бања за 11-ти Октомври

цена од

179

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

Искористете го викендот за уживање во Врњачка Бања.

Редовна цена на аранжманот 179€/11.098мкд
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.
Цена по лице за најмалку 2 лица во соба.

Што е вклучено во цената

Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
Сместување во хотел Фонтана 4* во центарот на Врњачка Бања во СУПЕРИОР соби
Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања
Исхрана на база 3 ноќевања со поjaдок
Секојдневно користење на Велнес и Спа центар
Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби;
Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.

Што не е вклучено во цената

Задолжително патничко и здравствено осигурвање;
Доплата за туристичка такса по лице 5€/310ден вкупно за 3 ноќи (доплата во агенција);
Факултативна посета на манастирот Жица 10€ (доплата на лице место)
Доплата за еднокреветна соба 60€/2.480ден на цената на аранжманот

План и програма

11.10.2023 (Среда) СКОПЈЕ - ВРЊАЧКА БАЊА

Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем рано наутро во 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотел Фонтана 4*. Кратко време за одмор и освежување од патувањето и заминување на информативна прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла ВодаРимските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина… По разгледот враќање во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење  на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.

12.10.2023 (Четврток) ВРЊАЧКА БАЊА

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки во Врњачка Бања. Ден предвиден за одмор, релаксација и користење на Велнес содржините на хотелот. Ноќевање.

13.10.2023 (Петок) ВРЊАЧКА БАЊА – ЖИЧА – ВРЊАЧКА БАЊА

Појадок. Moжност за  факултативна посета на манастирот Жича.  Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа  што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената.  Ноќевање.

14.10.2023 (Сабота) ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Сместување

Хотел Фонтана 4*

Хотелот Фонтана Врњачка Бања е сместен во Врњачка Бања. Со спа и велнес центар, хотелот со 4 ѕвезди има климатизирани соби со бесплатен Wi-Fi. Гостите можат да користат топла када и сауна, со фитнес центар или да уживаат во поглед на планината.

Сите единици се опремени со телевизор со рамен екран, фрижидер, туш, фен за коса и биро. Сите соби имаат гардероба.

Гостите во хотелот можат да уживаат во доручек. Ресторанот во Хотел Фонтана Врњачка Бања е специјализиран за интернационална кујна.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

Попусти и опционални доплати: 
– Намалување за сопствен превоз -10€/620мкд по патник
Напомени: 
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Ескејп Травел.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Факултативна посета на манастирот Жица

Цена за пакет: 10€ (доплата на лице место)

Факултативна посета на манастирот Жица

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања