4 Совети како рационално да го спакувате вашиот куфер

Малиот куфер за дел од нас претставува голем проблем. Планирате викенд патување или одмор со авотмобил, автобус или авион  и главниот проблем е како во мал куфер да спакувате што е можно повеќе ствари. Најпрво нешто што треба да направите пред да започнете да се пакувате е листа на тоа што треба да понесете со себе.

  • Потребни документи, картички, билети и осигурување Најпрво и најбитно нешто што треба да спакувате доколку патувате надвор од границите тоа е ПАСОШОТ. Потоа проверете ги и спакувајте ги вашите картици со кои можете да плаќате, не носете ги со вас картиците од маркетите за попуст и картиците со кои се чекирате на работа. Билетите или ваучерите кои ги добивате кога го резервирате патуваето секогаш имајт ги во печатена форма како доказ но исто така имајте ги и во електронска форма. Патничкото осигурување е исто така важен дел од секое патување па затоа секогаш пред да патувате извадете си патничко осигурување за да бидете сигурни што и да се случи за време на патувањето.

  • Технологија Со вас на секое патување освен телефонот и полначот понесете си и бежична батерија која и те како ќе ви помогне за време на патувањето. Доколку имате фотоапарат не заборавајте да го понесете со вас за да може да направите убави фотографии од патувањето. Исто така како совет од нас е доколку имате прклучок за штекер со опција за повеќе приклучоци секогаш носете го со вас за да си ја олесните работата при полнење на батериите и телефоните.
  • Облека, чевли и ташни Пакувањето на облеката е најголемиот проблем на секој од нас, па затоа најпрво направете селекција на тоа што мислите да го носите. Никогаш со вас не носете алишта кои е потребно да ги пеглате. Доколку одите на патувања кои се напорни и има многу места кои може да се посетат тогаш во куферот ставете ги патиките и кондури со рамни потпетици, секогаш ќе се осекате убаво и ќе можете да ја пратите групата. За секој долен дел од облеката спакувајте по три горни делови од облека, бидејќи тоа ви носи 3 комбинации а не зафаќа многу простор. За викенд патувања доволни се 2 долни дела и 6 горни дела од облеката. Внимавајте при изборот на бои никогаш не носете ташни и обувки чија боја не одговара на боите на облеката. Облеката која ја носиме за секој случај секогаш треба да биде нешто што одговара на комбинациите кои ги имаме. За да заштедите на просотор облеката не ја диплате туку виткајте ја во ролни, а обувките наполнете ги со чорапи и долен веш кој доколку го здиплете одвоено зафаќа дополнителен простор, обувките секогаш ставете ги во долниот дел на куферот кај тркалцата.
  • Козметика и лекови Лековите и козметиката секогаш треба да бидат спакувани во 2 различни несесери за да се заштитат од оштетувања. Течните козметички препарати, шампони и геловите за туширање пакувајте ги во непропустливи кеси за да ги заштите остантите препарати. Секогаш имајте на ум да си понесете со себе мали шишенца со шампон, гел за туширање и паста за заби за да не ви зафаќа непотребен простор и да не ви тежи додатно. Лекови кои секогаш треба да ги имате со вас е редовната терапија која ја примате секојдневно, електронски, апчиња против алергија,  аналгетици, јаглен, памук, ханзапласи и самолепливи гази. Исто така битно со вас е да поснесете и средство за дезинфекција.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR