Посетете го Јајце – најомилениот град во Босна и Херцеговина

Можеби веќе сте ги посетиле Сараево и Мостар кога сте биле во посета на Босна и Херцеговина, но оваа земја има уште многу други места кои треба да се доживеат. Едно од тие места е најомилениот мал град во Босна и Херцеговина – Јајце, кој брои само 30.000  жители.

Доколку одлучите да одвоите време и да го посетите едно од најмагичните места што можете да ги сретнете низ цела Европа, ќе направите фанстастична одлука. Јајце всушност има доста истакнато педигре. Некогаш бил главен град на Кралството Босна за време на средниот век пред да падне под османлиско ропство во 16 век. Ова ја објаснува тврдината на врвот на градот и необичните камени ѕидини што го опкружуваат градот. Друг остаток од ова време се црквата Света Марија и камбанаријата Свети Лука со класичен изглед. Во Босна и Хецеговина претежно се застапени џамиите, така што урнатините од црквата се навистина забележителни и даваат посебен дух на самото градче.

Понатаму, глетката којашто ќе ве остави без здив се катакомбите под замокот на црквата Света Марија. Откако ќе се искачите на ридот каде што се наоѓа замокот, можете да видите фантастичен поглед, а влезот во замокот чини само 1 €.

Прошетката низ градот, заедно со запирања на сите горенаведени места не трае повеќе од неколку часа. Но, не грижете се, сепак има уште многу да се види. Овој дел од светот станува сè попознат по своите прекрасни водопади, особено хрватските водопади Плитвице и Крка. Сепак, водопадите Плива во Јајце не треба да бидат занемарени и покрај нивната градска позадина. За две минути пешачење од градската порта пристигнувате и на бреговите на реката Плива, кои се наоѓаат веднаш над водопадите. Реката сама по себе е серија нижни каскади што истекуваат од блиските езера Плива, но ниту една не се натпреварува со моќта и раскошот на високиот водопад во градот. Преминувајќи ја реката, можете да продолжите кон шумската патека до подножјето на падот на водопадите. Откако ќе стигнете на вашата дестинација, бидете подготвени за малку магла! Најдобра гледна точка е всушност преку мало дрвено засолниште во шумата наспроти водопадите и над реката Врбас, реката во која паѓаат водопадите. Само од ова мало засолниште можете правилно да ги фатите и падовите на Плива и остатокот од Јајце со еден истрел. Потребно е време за да се открие овој точен агол. На десет минути пешачење од Јајце почнува да се гледа периферијата на градот, прекрасни ливади и места со дива природа.

Ако тргнете надвор од градот покрај реката Плива, ќе поминете низ низа мали падови и на крајот ќе стигнете до езерато Плива. Овде можете да откриете скоро недопрена дивина и многу рибарски бродчиња. На почетокот на реката од долното езеро, се наоѓа голема ливада популарна кај локалното население во текот на летото. Кога ќе го посетите ова место, единствена друга личност, која може да ви помогне за вашиот пат е осамен рибар , којшто ќе заборави на јазичните бариери и ќе ви го покаже вистинскиот пат.

Изненадувачки, опциите за сместување во Јајце се прилично ограничени, но изобилуваат со прекраснотија која датира уште од претходните векови.  Меѓутоа во центарот на градот ќе наидете на многу модерни кафулиња, ресторани и неколку опции за брза храна.

Без разлика дали барате да видите повеќе од Босна и Херцеговина или повеќе од величествените водопади на Балканот, Јајце е мал град кој има  многу да понуди. Овој тивок град има развиено обожавателска меѓународна база на туристи.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR