Познато турско благо ширум светот


Алва е нај старата врста на десерт во турската кујна, ова вкусно традиционално благо е на база на путерот од сусам. Според историските податоци таа датира уште од 11 век, а нејзиното турско име е Хелва и има арапско потекло. Алвата е многу позната во Турција, во Балканските држави, блискиот исток, а посебно во Кина.

Алвата ја сочинуваат три состојки скроб, масло и засладувач, постојат повеќе видови на алва, една од најпознатите алви е ,,таан алвата” во која покрај основните состојки се додава путерот од сусам (таан) и мед. Вкусот на алвата е неодолив, ја има во повеќе варијанти со различни вкусови, видовите алва се различни во секој регион и нивниот вкус зависи од додатоците кои се додават во неа, како што се кикирити, бадеми, лешници, фстци, чоколада, лимон, ванила и други.

Пишманије или ќетен алва е исто така многу популарна алва што се прави во Турција. Се прави првенствено од пченично брашно и шеќер, при подготвување на алвата се добиваат „конци“ кои потоа се мотаат во топчеста форма. Алвата е налик на шеќерен памук и ја има во стандарден вкус или со вкус на фстаци.


Најголем љубител на алва бил познатиот Султан Сулејман Величествен, кој наредил покрај неговата палата да се изгради посебна кујна за изработка на алва и била наречена хелва хане во превод значи куќа на алвата. Во оваа кујна се правеле околу 30 врсти на алва, во турската традиција ни една посебна прилика не поминува без алва, таа се спрема за сунет, раѓање на дете, свадба, празници па дури и за погреб.
Алвата можете да ја најде во продавниците за благо ширум Истанбул, но доколку сакате проверена и квалитетна алва, со голем избор на повеќе вкусови тогаш ние ви препорачуваме да ја набавите од фабриката Коска во која ве водиме при посета на Истанбул.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR