Предлог 3 прекрасни места во Турција кои може да ги посетите оваа пролет

Турција е пространа земја која што вреди да се посети повеќе пати во животот. Откако еднаш ќе отидете во Турција набрзо ќе посакате да одите повторно  бидејќи ќе ве привлечат контрастните и шарени детали, брзо ќе сфатите дека има многу прекрасни и познати места кои треба да ги истражите. Таа е толку разновидна земја колку што не можете ни да замислите. Некои ќе сакаат енергичност и гужва, додека други ќе ја бараат смиреноста на селата. Затоа, ви предлагаме неколку места кои би требало да ги посетите.

Кристално чистите мориња, високи планини, рушевини од антички империи, мали идилични села, големи космополитски градови, и многу други работи ја прават Турција толку уникатна земја што постојано привлекува сѐ поголем број посетители.


Измир
Измир е град кој се наоѓа во југозападна Турција на заливот на Егејското Море. Трет по големина во земјата и во него се наоѓа второто најголемо пристаниште во Турција. Во антиката, градот бил познат како Смирна. Еден од најзначајните споменици е саат-кулата која се наоѓа во средината на плоштадот Конак со висина од 25 метри. Архитектот на кулата е Рејмонд Чарлс Пер, изградбата завршила за 25-годишнината од искачувањето на престолот на Абдулхамид II во 1901 година. Кулата има четири фонтани поставени околу неа во кружна форма кои и даваат посебен изглед на саат кулата. Друга значајна атракција во Измир е стариот лифт што ги поврзува долните и горните делови на градот. Доколку се возите со лифтот во висина од 58 м, тој ќе ве однесе на прекрасна тераса со сценски поглед кон Егејското Море и крајбрежните урбани области каде што се отвара прекрасна панорама кон градот. Исто така меѓу атракциите е и чаршијата Кемералти. Изградена е во 17 век, чаршијата не е само главното шопинг место, туку и точка каде што можете да разгледате антички архитектонски споменици. Во Кемералти може да се најде се и за сечиј вкус овде се продава: облека, сувенири, кожни производи, часовници, работи за рачна изработка  итн. Наша препорака е во чаршијата да се напиете турско кафе, кое го мелат и подготвуваат пред вашите очи. Не пропуштајте да го посетите центарот Алсанџак и да прошетате покрај морете, а потоа да одморите во паркот, младите во Измир се собираат овде и уживаат во паркот и глетката кон морето. Локален специјалитет е Измирското кофте и малите крофнички во шербет.


Амасија
Амасија е сместена во црноморската област и е една од поубавите места во Турција. Амасија е позната и под називот „град на принцови” поради тоа што принцовите од Османлиското царство тука се стекнувале со образование. Таа се наоѓа покрај реката Јешилирмак и е уникатен и историски град кој лесно е да се посети ако веќе сте во таа област. Провинцијата Амасија е позната по производство на висококвалитетни, мали вкусни јаболки. Слободно истражувајте ги историските куќи во отомански стил, видете го замокот Амасија и откријте ги остатоците од кралот Каја. За вкусен ручек, појдете во Куќата Анадолу Манти. Локален специјалитет е toyga çorbası, супа која содржи јогурт.



Бурса
Бурса се наоѓа во северозападниот дел на Анадолија и е четврт најнаселен град во Турција. Таа е еден од најголемите градски центри во земјата. За време на Османлиското Царство Бурса бил вториот главен град. Во градот се наоѓаат гробниците на првите османлиски султани, како и бројни објекти изградени во текот на отоманскиот период. Освен тоа, во градот се наоѓаат неколку археолошки наоѓалишта, музеи, бањи исто така има и многу трговски центри, паркови и чаршија. Една од главните атракции е калето на Бурса изграденo од Битијците и е сместено во границите на денешната населба Османгази. Калето има долги ѕидини 2 километри и има 5 порти ­ Хисар, Каплиџа, Зиндан, Пинарбаши и Земја. Саат кулата која се наоѓа на плоштадот Топхане зад гробниците на Осман Гази, основачот на Империјата и Орхан Гази, вториот султан, е важно монументално дело што ја отсликува архитектурата од османлискиот период. Порано оваа саат кула се користела како противпожарна кула, бидејќи од нејзината локација се гледа панорамскиот поглед на Бурса. Во близина на градот се наоѓа ски-центар, на планината Улудаг кој е многу посетен преку зиме и е познат помеѓу скијачите. Локален специјалитет е iskender kebap или познат како бурса кебап, овој специјалитет е фаворит на многу туристи.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR