Една од атрактивните југословенски дестинации

„Синиот бисер“ на Јадранот е градот Ровињ, Хрватска, изграден од илирските племиња градот е сместен на западниот брег на Истра и е една од нај магичните дестинации коишто ќе ги посетите во животот. Има само 2 населени места и тоа Ровињ и Ровињско Село, а се протега на површина од 80км2. Климата на Ровињ е медитеранска а просечната годишна температура е 16 ° С. Во архипелагот Ровињ има 22 островчиња, од кои Св.Андреј и Св.Катарина се најголеми. Градот има богата историја кој  изобилува со историски руини за истражување.

Симболот на градот е црквата Св. Еуфемија  во чија што внатрешност е саркофагот на христијанскиот маченик Св. Еуфемија, кој бил донесен во градот во 800та година, црквата е долга 51 метар и широка 30 метри. Ровињ е познат по стариот град кој е споменик на културата заради што се одделува од другите историски градови. Древните порти од градот постојат и денес, а во минатото биле употребувани за заштита од натрапници. Овој дел на градот е преполн со барови, ресторани и уметнички галерии со прекрасни слики и рачни изработки… кои синило го одземаат здивот на секој посетител. Во летниот период нуди интересни фестивали, меѓу кои и традиционалната Ровињска ноќ.
Магијата на Ровињ вистински и во целост ќе ја доживеете доколку се качите на врвот на кулата со ѕвона на зајдисонце, која совршено ја доловува панорамата за овој прекрасен хрватски град и овде погледот е спектакуларен.

Ровињ поседува плажи кои се протегаат во должина на крајбрежјето од 67 км, најчесто камени ‘ртови или мали заливи послани со ситни каменчиња, плажите кои ги нуди овој град се многу живописни и секоја е интересна сама за себе. Дел од нив се наоѓаат во заливите Куви и Лоне на излезот од градот.
Како продолжение на градското шеталиште, вклопена во зеленилото од паркот и околните шуми е сместена најпознатата плажа во Ровињ Мулен Руж, која е уредена во 2014 година и е вистинска комбинација од бои за максимално уживање во синото море и зелените пејзажи, а е и една од нај посетените плажи. За оние пак кои сакаат да истражуваат можат да ги посетат плажите во заливот Цистерна и заливот Бачвице кои се едни од најубавите на јужниот брег на Ровињ.,


Парк-шумата Златни ‘Рт, која се наоѓа во јужниот дел на градот, е една од најголемите природни атракции во Ровињ. Датира уште од крајот на 19-иот век кога Georg Hütterott купил четири острови од ровињскиот архипелаг и започнал со уредување подрачјето каде што сега се наоѓа парк-шумата. За жал, неговата прерана смрт го спречила овој амбициозен проект, но идејата останала до ден денес. Уникатноста на овој парк го потврдува и прогласувањето за заштитена парк-шума уште во далечната 1961 година. Парк-шумата која плени со својата убавина е идеална за долги прошетки, велосипедизам, разни спортски активности, па дури и за капење. До влезот во овој парк се стигнува поминувајќи преку градската плажа Мулен Руж.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR