Термални бањи се скриен рај во Италија

На само неколку километри од  селото Сатурниа во општината Манциано во областа на Тоскана во Италија, се наоѓа скриено природно богатство, а тоа се бањи со термални извори кои секој би посакал да ги посети барем еднаш во животот. Terme di Saturnia се природни термални бањи кои се состојат од неколку извори кои извираат од вулкански кратери и течат во вид на водопад . Покрај совршено сината боја, термалната вода освојува и со тоа што е лековита, а температурата на истата е околу 37˚С. Лековитата вода не поминува низ никакви процеси пред пуштањето во базенот и истата е идеална за здравјето на луѓето.


Овие води помагаат на луѓе кои имаат кожни заболувања, како што се дерматит, псоријаза и акни, остеоартромускулни состојби како артроза, болни мускулни контракции и ревматизам, како и заболувања на респираторниот тракт и увото, носот и грлото, па поради тоа ова место на многумина им е омилена дестинација за одмор. Влезот е бесплатен, бањата изгледа како да е дел од рај среде зеленило и никого не остава рамнодушен.

Според една од легендите, бањите кои имаат степенаст облик, биле формирани од Јупитер фрлајќи огнена стрела на Сатурн. Со обѕир на тоа што го промашил, молњите креирале отвори кои денес ги оформуваат овие термални бањи.На овој извор изградени се познатите базени “Saturnia Spa & Golf”. Тие се изградени точно над вулканскиот извор, кој ги храни со лековита вода. Италијанците од ова направиле идеално место за одмор.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR