Трите најубави скриени острови во Европа

Со првите зраци на сонцето, почнуваме да размислуваме за летото и за морскиот шарм, размислувате каде да одите ова лето тогаш вие треба навреме да ѕирнете во понудите за атрактивно сместување. А сите знаеме летото, сонцето, морето и прекрасните плажи се вистинската формула за среќа. Сигурно веќе сте слушнале и разгледале некои од понудите за познатите европски места за летување. Но, кои се оние скриени убавини во Европа кои туристите сѐ уште не ги откриле?


Вис, Хрватска
Вис е мал остров и е еден од најоддалечените острови во Хрватска одвоен од копното 45 километри. Овој остров е бескрајно шармантен и до него можете да дојдете со траект од Сплит, а возењето трае околу два часа. Највисока точка на островот е Хум која се наоѓа на 587 m надморска височина а двете најголеми населени места на островот се градот Вис, на источната страна и Комижа, на западниот брег. Овде ќе бидете маѓепсани од богатите вкусови на храна и вино, а посебно ќе уживате во свежите морски плодови. Вис од природните убавини ги издвојува Зелената пештера на Равник и Краличина пештера на Вис, а од историските знаменитости, интересна е Титовата пештера, и реновираниот споменик на загинатите морнари во Битката кај Вис. Островот има мирна енергија и доза мистичност, па по тоа и се разликува од останатите туристички места на Јадранот. Додека сте на островот препуштете се и уживајте покрај смарагдните води на островските плажи како Сребрена и Стончица.



Елба, Италија
Елба е третиот најголем остров во Италија кој се наоѓа во Тиренското Море, и е релативно непознат за странските туристи. Островот во историјата е запишан како местото каде што бил прогонет Наполеон. Можеби не ви звучи познато но на ова место има повеќе од 70 добри плажи долж брегот,каде ќе најдете плажи од кои нема да посакате да си заминете и совршени пејсажи што маѓепсуваат. Посебно атрактивни се падините на зелените шуми и планинските врвови.


Готланд, Шведска
Готланд е најголемиот остров во Шведска и најголем остров во Балтичкото Море, со површина од 3.140 км2. Патувањето до тука е многу лесно бидејќи островот е одлично поврзан со траекти и авионски летови, а престојот на Готланд е совршено бегство од реалноста. Шведскиот начин на живеење е најинтересен за време на долгите летни денови, место каде што ќе можете да посетите кафулиња во средновековните ѕидини на градот Визби, да прошетате низ боровата шума, да посетите некоја од 94те средновековни цркви или едноставно да се опуштите на некоја изолирана плажа.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR