Специфични турски напитоци кои имаат неповторлив вкус, а можете да ги пробате и во Македонија

Боза и салеп се турски традиционални напитоци чиј вкус е многу специфичен и надалеку познат. На овие пијалaци не им требаат скапи реклами и маркетинг агенции, бидејќи љубителите на овие пијалаци се редовни клиенти  и едвај чекаат да дојде зимскиот период за да може да уживаат во вкусовите на сезонските пијалаци како што се бозата и салепот. Особено во балканските земји. Иако за жал овие пијалаци полека се засенети од страна на новите модерни пијалaци кој го заземаат нивното место сепак на балканските простори традицијата за носталгичните производи продолжува.

Во различни држави на различни места можете да најдете квалитетна боза и салеп пример во Истанбул `Вефа`, во Анкара `Акман`, во Скопје `Апче` и `Шехерезада`, во Атина во областа “Paleo Faliro” се местата каде што можете да уживате во овие пијалаци.


САЛЕП
Салепот е фантастичен напиток и нема ништо поубаво од чаша топол салеп со цимет, особено кога е студено. Тој е традиционален турски напиток кој има многу делотворни својства. Салепот станал популарен во средниот век со доаѓање на Арапите во Европа, во 17 век покрај во медицината со додавање на различни зачини и розова вода, почнува да се користи и како напиток. Зборот „салеп“ потекнува од старите анадолски јазици, и е поврзан со изрази како што се лечење и заздравување или лекување. Содржи хранливи материи, скроб полисахарид наречен глукоманан. Брашното салеп се користи за пијалаци и десерти, посебно во земјите кои биле дел од Отоманското Царство. Инаку овој бел прав се добива со мелење на сушени луковици од планински орхидеи од родот на Orchis. Салепот во својот состав содржи до 50% слуз глукоманан, кој е заслужен за убавата густина на напитокот. Глукомананот при хидролиза дава глукоза и маноза во однос 3:1, а исто така салепот содржи и 25% белковини, скроб и други материи. Благодарение на слузта има способност да го одржи грлото со тенок заштитен слој кој помага против болка во грлото и во запирање на кашлицата.

Покрај ова селепот е многу ефикасен и при бронхит, фарингит, ларингит, трахеит, настинка и грип. Делува и против воспаленија на слузницата од желудникот и цревата, при гастрит, чир на желудникот, дванаесетпалачно црево, дијареи, катар во цревата итн.

Првиот дуќан за салеп во Англија бил отворен во првата половина на 18 век. Верувале или не, во средината на 18 век, особено во Англија и Франција во утринските часови, во дуќаните и локалите се консумирал топол салеп. Во денешно време, во Скопје, можете да го пробате само во најстарите слаткарници и во чајџилниците во турската чаршија.


БОЗА
Бозата чија историја се протега до илјадници години во минатото, е традиционален турски напиток. За почетоците на бозата се верува дека датираат од пред неколку илјади години таа од страна на номадите од Централна Азија е пренесена во Анадолија и околината. Бидејќи бил сметан за алкохолен пијалак бозата понекогаш била забранувана од султаните. Името боза потекнува од персискиот збор `бузе`, кое значи пијалак произведен од просо и ориз. Во Турција традицијата за боза започнува во 1876 година, во специјалните продавници `Вефа`  кои биле отворени од страна на Хаџи Садик. За кратко бозата се проширува насекаде и станува препознатлива марка низ цела Турција. До пред 15-20 години на улиците се продавало боза од страна на луѓе кои оделе по улиците и извикуваале `боза`, `боза`, а народот купувал од нив наместо во слаткари, но со тек на времето уличните продавачи на боза исчезнале.

Бозата е нпаиток кој се подготвува од ферментација на брашно од просо или пченица, вода, квасец и шеќер, и се претпочита да се конзумира особено зиме. Во бозата како ферментиран производ има голем број бактерии на млечна киселина, тие имаат пробиотичко влијание. Благодарение на овие корисни бактерии зајакнува имунитетот и ги уништуваат токсичните, алергичните и канцерогените материи коишто ги внесуваме во нашето тело со храната што ја трошиме. Таа е прилично хранлив напиток кој покрај тоа што дава и енергија во себе содржи богати јаглени хидрати и витамини А,Б, Е, калциум, железо и фосфор минерали.

Познатата марка Акман во Анкара е во сопственост на семејството Акман од Скопје т.е на браќата Мухарем и Вахап Акман. Првиот дуќан за боза го отвараат во далечната 1936 година. Во Македонија со децении боза се пороизведува во слаткарницата „Апче“ во Дебар Маало која била отворена во 1934 година од Исман Кадри.

Сакате да пробате оргинален турски салеп и боза? Можете да ги набавите доколку се приклучите на некоја од нашите тури во Истанбул. Ние ја посетуваме фабриката за слатки задоволства Коска од каде што покрај благите работи ќе може да си купите и салеп и боза и да уживате во оргиналниот турски вкус.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR