Затвор од 19-ти век претворен во луксузен хотел

Ако затворот Хет Арестхујс во Рурмонд, Холандија отсекогаш изгледал вака, немало да има затвореник на кого не би му годело таму да ја одлежи казната. Некогаш суровиот затвор изграден во 19-тиот век денес е претворен во луксузен хотел со многу модерни елементи.

150-те ќелии се преобразени во 36 луксузни соби и седум комфорни апартмани. Меѓу апартманите со својот лускуз се издвојуваат четири, кои носат и интересни имиња: Директорот, Чуварот, Адвокатот и Судијата, а секој од нив има посебен карактер и стил. Хотелот нуди и користење на сауна и фитенс центар, и ги кани гостите да го посетат и ресторанот на хотелот, каде што „ќе добијат многу повеќе од леб и вода“.



Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR