Златибор- Србија. Зошто да го посетите?

Златибор (Zlatibor) е планина со исклучителна убавина, која се простира на површина од околу 1000 км². Тоа големо пространство го карактеризираат бујни пасишта, пресечени со реки и потоци. Спојот на природата и урбанизмот е она што најмногу ги привлекува туристите, а тоа е карактеристиката на Златибор. Зачуваната природна средина, здравата храна и чистата вода, начинот на живот во кој се чуваат традиционалните вредности, кои најчесто се заборавени , ги прават златиборските села автентични и привлечни за посета и екскурзии.

Златибор (Zlatibor) е погоден за голем број спортски активности од кои скијањето е дефинитивно најзастапено. Ски центарот Торник е најголемиот ски центар на Златибор, а од туристичкиот центар оддалечен е 9 км.
Ски центарот се состои од 6 обновени и проширени патеки на кои е инсталиран најмодерниот шестосед . Вкупната должина на патеките е 8 км од кои 1 е црна, 2 црвени и 3 сини патеки. Во ски центарот Торник постои и нов вид на инсталација т.н. tubing , која, како и самата жичарница, може да се користи и во летниот и во зимскиот период од годината и нуди неизмерно задоволство и возбуда на сите кои ќе се одлучат да ја пробаат. Ски центарот е опремен и со детско игралиште и рингишпил.


Златибор (Zlatibor) е препознатлив по богатиот ноќен живот. Тоа е она што го издвојува од останатите планински дестинации. Ноќните клубови се многу популарни кај помладата популација. Многу познати пејачи настапуваат во клубовите во Златибор (Zlatibor )и имате загарантирана добра забава.

Текстот е превземен од www.skifun.eu

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR