Истанбул-Неколку причини зошто да го посетите.

Истанбул  еден од најживописните градови на планетата. Огромен хаотичен град кој е сочинет од непроценлива убавина,историја,прекрасна храна .Mесто кое едноставно маѓепсува со својата уникатност а тоа ќе направи да се враќате во овој град одново и одново. Многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 15 милиони жители . Истанбул бил главен град на : Римската Империја, Византиската Империја и Отоманската Империја. А во денешно време, Анкара е главен град на Турција.

Ние Ви го доловуваме Истанбул од поинкава перспектива.

Зошто вреди да го посетите прекрасниот Истанбул ?

1. Во времето кога Истанбул бил дел од Отоманската Импперија, во градот имало преку 1.400 јавни тоалети, во време кога тоалети не постоеле дури ни во кралските палати во најголемите европски кралства. Околу 1600 тата година  (отприлика времето кога владеел и Кралот Сонце во Франција) во Отоманската Империја биле изградени првите јавни тоалети во новите џамии што се граделе. А, како што знаеме, Версај е изграден без тоалети во него.  Веројатно така било и со другите европски монарси во тоа време.


2. Прекрасната Турска храна

Препознатливи по беспрекорната турска кујна различните видови на храна уникатни рецепти како познатиот Искендер,Сендвич со риба,Баклава,Ќунефе,Алва ,Локум .Истанбул место каде сите традиции се спојуваат во едно .



3. Подземната линија, претходник на Метрото во Истанбул

  Eдна од најстарите во светот, која постои од 1875 година. Постари се само метрото во Лондон (1863) и во Њујорк . Се работи само за една линија која поврзува два плоштада и има само две станици и го носи името „Тунел“.



4.Прекрасниот Босфор

Познатиот проток што ја дели Европа од Азија.
Незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите и сите познати вили од играните серии ќе можете да ги погледнете одблизу.



5.Познатата МОМИНСКА (ДЕВОЈАЧКА) КУЛА (Kiz Kulesi).

Женската Кула позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Женската кула е стационирана на мал остров кој се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина.

6. Капали Чаршија
 Капали Чаршијае најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници. Чаршијата се наоѓа во внатрешноста на Цариградските ѕидини, во стариот дел на градот во населбата Фатих. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II како и во близина на Нуруосманлиската џамија.

7. Турските бањи ,остатоците од византиска империја

Турските бањи или амани се препознатливи за Истанбул. Познатите бањи кои треба да ги посетете Sultan Hamamı и и Kılıç Ali Paşa Hamamı.
Во Истанбул ќе пронајдете и значајни остатоци од Византиската империја. Црквите и градбите од овој период може да ги сретнете на секој агол.

Истанбул вреди да се посети. Град кој живее 24/7,во секое доба од денот можете да најдете каде да јадете, пиете, да прошетате и да се забавувате.





Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR