Остров Крф лето 2021. Зошто оваа дестинација треба да е на вашата листа?

Ако се уште не го имате испланирано вашиот летен одмор, можеби би ви помогнале да се одлучите за еден од Јонските бисери – островот Крф и да патувате со наша организација која ќе ви остане во сеќавање цел живот.
Овој остров е мозаик на историјата…од различните цивилизации и нации, како и периоди на владеење на  Византијци, Римјани, Французи, Руси, Англичани, па се до Италијанци и Германци во поновата историја.Општината Крф денес има околу 40 000 жители, од кои околу 75% живеат во градот. Жителите главно се етнички Грци, но има и доселеници (туристи и работници во туризмот). Бројот на жители особено нараснува во лето кога масовно доаѓаат туристите. Најсеверен остров во архипелагот е најпосетуваниот остров Крф со главниот град Керкира кој на моменти додека шетате низ градот ќе се почуствувате како да сте низ некои улички низ Венеција, Барселона, Дубровник… Доминантна вегетација на островот се четинарите и маслиновите стебла по што Крф се нарекува и “Зелен остров”. Освен по живописната природа, исконското минато и љубезните домаќини Крф е познат и по своите плажи, бурниот ноќен живот, богатата историја,пролсавата за Велгиден и палатата Ахилеон. Светец на островот е св. Спиридон па секој трет жител на островот се вика Спиро. Крф и покрај тоа што има бурен ноќен живот во месеците мај, јуни и септември бучавата не е присутна па е препорачливо за фамилијарен одмор.

Кои места треба задолжително да ги посетите на Остров Крф?

1. Сидари – местото каде се наоѓа каналот на вљубените.

2.Палеокастрица. Една од најубавите плажи со кристално тиркизно море и ситни камчиња.

3.Крф – задолжително одвојте барем еден ден за да прошетате низ главниот град на Крф. Зрачи со посебна убавина и потсетува на италијанските гратчиња.



4. Глифада – ситен песок, преубаво море, можност и за денска забава во кафулињата покрај брегот.

5. Agios Gordios – тивка плажа каде може да се релаксирате и уживате во зеленилото наоколу и кристално сино море.



Доколку сакате добра забава, дискотеки, луди и незаборавни ноќи, дозволете Escape Travel тимот да се погрижи за тоа.

Најнови патувања