Скијатос лето 2021. Магичен остров кој ќе ги освои вашите срца засекогаш

Мал остров сместен во Егејското море, и еден од најубавите острови во Грција, тоа е Скијатос. Ако сакате да отидете на остров којшто ќе можете да го разгледате во целост, во текот на само еден одмор и притоа вистински да уживате, тогаш тоа дефинитивно е Скијатос. Градот Скијатос е најголемата и најпопуларна населба на островот! Нејзиното романтично крајбрежје е поим за привлечност за посетителите, кои седат во морските таверни за да јадат традиционален вкусен оброк, пред да се изгубат во тесните улички на градот.

Што задолжително треба да посетите доколку престојувате на Скијатос?

1.Прошетка низ главниот град

Главниот град на островот, Скијатос, е убаво гратче со долга традиција и некој посебен шарм. Кога ќе се најдете на овој остров, ако одвоите барем половина ден за убава прошетка низ градот, воопшто нема да се разочарате.


2.Плажата Кукунариес

Во моментов, Кукунариес е популарна туристичка дестинација во текот на летото со бројни хотели, хостели, места за кампување, таверни, ресторани, барови, и кафулиња.

3. Плажата Мегали Амос

Мегали Амос е една од најпопуларните плажи на Скијатос поради кристалните води и проширениот брег што навистина остава без зборови.Областа е позната по својата туристичка инфраструктура бидејќи има многу хотели и други видови сместување. Морето е плитко, идеално место за семејства.

4.Плажата Лаларија

Плажата Лаларија е достапна само со брод од пристаништето на главниот град, Лаларија се наоѓа на северо-источниот крај на островот и е место во сон, со неверојатна убавина со огромни бели карпи кои се издигаат од чистото длабоко сино море.

5.Ноќниот живот на Скијатос

Ако сте луѓе што претпочитаат кафулиња, а не ноќни клубови, тогаш дефинитивно треба да се упатите кон старото пристаниште во Скијатос. Таму, по брегот, почнувајќи од свиокот, па сè до горниот крај, каде што започнува стариот дел од градот со стрмните сокачиња, распослани се едно чудо кафулиња, таверни, барови.

Дефинитивно нема да згрешите доколку го изберете овој остров како летна авантура во 2021 година. Ќе бидете воодушевени и нема да сакате да го напуштите.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR