4 турски рецепти за зимските денови

Секој од нас ужива во десерти и си има свој омилен летен и зимен десерт. Изборот на зимски десерти честопати се менува, бидејќи секое годишно време си има свои овошја. За зимските десерти, користиме повеќе овошје кој се консумираат во зима. Овошјето како банана, јаболко, морков и дуња се сметаат како зимски овошја и природно го заземаат своето место во десерти. Во оваа статија, ќе зборуваме за зимски десерти кои ќе ви го отворат апетитот па дури ќе посакате и сами да ги направите дома.

1. Десерт од дуња
Како прво ќе започнеме со познатиот десерт од дуња. Овој  десерт е еден од најистакнатите десерти во зимската сезона, има сосема поинаков вкус и многу се конзумира затоа што е здрав десерт, а дуњата се претвора во десерт додавајќи вкус на природно овошје. Меѓу зимските десерти е десертот од дуња е меѓу најпознатите со својата елегантна презентација и лесен вкус. Наш предлог за оние кои бараат различен вкус за десерт од дуња е да измешаат урми, ореви, бадеми, рибизли и шеќер во прав и да ги послужат на дуња.
Потребни состојки:
-5 дуњи
-4 чаши шеќер во прав
-За фил: 5-6 урми
-Половина голема чаша сецкани ореви и бадеми
-Половина чаша рибизла
-2 лажици шеќер во прав
-Цимет

Начин на подготвување
Излупете ги дуњите и исечете ги на половина. Отстранете ги семките и ставете ги во садот. Посипете ги со шеќерот во прав  сецканите ореви и бадеми и оставете го да одмори 2-3 часа. Гответе на тивок оган додека дуњата не поруменат. За филотот, извадете го семето и исечете ги урмите. Измешајте урми, ореви, бадеми, рибизли и шеќер во прав и варете ги во тава. Додадете цимет и измешајте. Ставете ја зготвената дуња на чинија за сервирање. Додадете ја смесата што ја подготвивте на средина. Послужете со кајмак.

2. Десерт од тиква
Десертот од тиква е еден од првите десерти што ни паѓа на ум кога ќе помислиме на зимата.
Потребни состојки:
– 1 тиква
– Половина филџан сецкани ореви или лешници
Начин на подготвување
Најпрво излупете ја тиквата извадете го семето. и ситно исечете ја. По миењето, исечете ги на како ширина на прстите до посакуваната должина. Поставете ги тиквите во голема и рамна тава, попрскајте ѓи со шеќер. Чувајте ги во затворен сад 2-3 часа или преку ноќ. Бидејќи тиквичките ќе пуштат вода во овој период, и ќе нема потреба да додавате вода додека ѓи посготвувате. Варете ги тиквичките на средна температура додека не омекнат.Гответе со отворен капак некое време за да се згусне сирупот од тиквата. Откако ќе се излади, десертот од тиква се става на чинија за сервирање и се сервира со мелени ореви или лешници . Исто така, можете да добиете многу пријатен вкус со печење во рерна.

3.Пудинг од пекмез
Го избравме десерт со пекмез, кој е многу корисен во зима. Кога ќе се спојат млекото, пекмезот, нишестето и малку шеќер, излегува овој вкусен пудинг. Бидејќи станува збор за пекмез, не треба да користите премногу шеќер и од овој аспект е и може да го конзумираат и оние кои се грижат за внесот на калории
Потребни состојки:
– 5 чаши млеко
– 3 лажици брашно од ориз
– 2 големи лажици нишесте
– 1 мала лажичка брашно
– 1 мала путер
– Одозгора: 2 лажици пекмез од грозје
Начин на подготвување:
Ставете ги сите состојки во тенџерето. Мешајте полека на тивок оган. Гответе додека не достигне конзистентност на пудинг. По згуснувањето, варете уште 2-3 минути. Истурете во чинии или чаши и оставете да се оладат. Кога служите, исечете го на нож на четвртини. Сервирајте така што врз десертот ќе истурите 1 лажица кокос.

4. Десерт од смокви
Десерт од смокви, кои обожаваме да ги јадеме свежи во текот на летото, и повеќе суви во зима. Десерт од смоква, кој се прави со суви смокви и е многу лесен рецепт, е еден од десертите што турците го послужуваат со чајот во зимски вечери. За да го направите овој лесен десерт, ви требаат само суви смокви, шеќер и ореви, само треба да ги ставите оревите во омекнатите смокви и да ги сварите. Можете да го сервирате со кајмак и кикирики. Ви препорачуваме да направите десерт од смоква, кој ќе ги задоволи вашите потреби за благо а воедно ќе го направите многу брзо.
Потребни состојки:
– 400 гр суви смокви
– 1,5 чашa ореви
– 1,5 чашa вода
Начин на подготвување
Прво, измијте ги сувите смокви темелно и исечете ги рачките. Додадете вода малку над врвот и варете во тенџере. Оставете ги да стојат во тенџере 8 часа додека не ја апсорбираат водата и не станат меки. Наполнете ги со оревите од горниот дел на секоја смоква и ставете ги на плех за печење. Додадете ја во плехот останатата вода во која што сте ѓи чувале смоквите. Печете во рерна на 175 степени додека смоквите не потемнат малку и не ја апсорбираат водата. Сервирајте со кајмак и фстци за подобар вкус.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR