Локација: Хотелот се наоѓа во областа Сиде. Приближно е 79км од аеродромот во Анталија. 18kм од центарот на Сиде.
Сместување: Хотелот располага со вкупен број на 253 соби. Сите соби се опремени со тоалет со туш и фен, централен клима уред, телефон, мини бар (се надополнува со вода, сокови и пиво секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, ламинат под, балкон. WI – FI интернет е бесплатен. Типови на соби: стандардни соби (28m²), макс.2 лица, супериор свит со поглед на море (две спални соби без врата помеѓу, тоалет, макс.4 лица), делукс свит соби (45-64m²), една спална соба, една дневна соба, џакузи, макс.2 лица и 6 соби за лица со посебни потреби
Содржини: Главен ресторан со шведска маса, а ла карт ресторани: турска кујна, медитеранска кујна, азиска кујна. Лоби лонџ и бар, ирски паб, снек бар на плажа, снек бар покрај базен, диско бар. Доктор, бебиситер, фризер, телефон, факс, услуга за перење, сушење и пеглање, шопинг центар, рент а кар. WI-FI интернет бесплатен во целиот хотел.
Услуга: Ultra All inclusive (ултра се вклучено), појадок, доцен појадок, ручек, попладне кафе, колачи, торта и чај, вечера, ужина доцна навечер, сладолед за време на одредени часови во барот покрај базен, локални и одредени увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цеден сок само за појадок, а ла карт ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот. Со доплата: увозни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, наргиле, цигари, собна услуга.
Плажа: 50m од хотелот. Хотелска приватна песочна плажа и дел со камчиња. Опремена со чадори, лежалки и пешкири. Приватни павилјони со доплата и однапред резервација.
Спорт и забава: Внатрешни и надворешни базени, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и шоу програми навечер. Со доплата: спортови на вода, спа центар и центар за убавина, масажа, часови за нуркање, билијард, куглање, компјутерски игри.
– Само за возрасни 16+