Menu

Ada Marina

0

Duration

3 Days

Group Size

30 People

Tour Type

Adventures Tour

Date

Jan 19′ – Dec 21′

Min Age

10+

Pickup From

Airport

Опис на вила

Положба: Хотелот Ada Marina се одликува по својата извонредна локација во центарот на градот Кушадаси, директно преку шеталиштето на плажа со прекрасен поглед над Егејското Море. Хотелот е оддалечен на само 450 метри од градската плажа,и е сместен на 100 метри од Кушадаси Марина, сите продавници, туристички атракции и историски места како што е замокот Кушадаси.

Сместување: Хотелот располага со 82 соби и истиот има 3 различни видови на соби (budget double rooms, budget triple rooms, family rooms). Сите соби се опремени со бања (туш кабина, тоалет и фен), клима уред, минибар, сеф, бесплатна Wi-Fi конекција, ТВ и телефон.

Услуга: Хотелот е на база HB (ноќевање, доручек и вечера). Хотелот располага со два ресторани од кој едниот е прекрасен ресторан на покривот и има извонреден и единствен поглед кон морето, марината и центарот на градот. Во овие ресторан гостите имаат можност да ја вкусат прекрасната турска кујна. Овој хотел исто така располага и со бар на покривот (покрај базенот) и snack бар.

Бесплатни услуги: користење на ресторанот за време на доручек и вечера, базен на покривот, лежалки покрај базенот, пешкири и чадори, внатрешен базен, Спа и Велнес центар, фитнес центар, бесплатна Wi-Fi конекција, паркинг.

Услуги со доплата: Увозни пијалоци, сервис за перење алишта, минибар, телефон и факс, сеф, медицински услуги,собни услуги, користење на конференциски сали кои се опремени со најновата технологија, водени спортови.

Содржини: Хотелот располага со два ресторани од кои едниот е сместен на покривот и еден бар на покривот, еден snack бар, базен на покривот, вантрешен базен, рецепција (24/7), паркинг, оперемен фитнес центар, конференциски сали, услуги на медицински установи,менувачница, соба за складирање на багаж, лифт,24 часовно осигурување, соба за играње, градина, билијард.

Плажа: Хотелот е ситуиран на само 450 метри од градската плажа. Една од најпознатите плажи во Кушадаси Ladies Beach е на 10 минути возење од хотелот. Овие плажи се песочни и користење на лежалки и чадори додатно се наплаќа. Во близина на плажите се наоѓаат безбројни ресторани во кои се служат превкусни турски специјалитети, ресторани за брза храна, и барови.

Спорт и забава: Љубителите на спортот може да уживаат во разновидни водени спортови, одбојка на плажа или да вежбаат во фитнес центарот лоциран во хотелот. За љубителите на добра забава гостите может да уживаат во хотелскиот бар на покривот. Во близина на хотелот се наоѓаат едни од најпознатите барови и дискотеки во Кушадаси.

За дете до 5.99 години: (само превоз 60 еур).
Второ дете: -20% попуст.
За деца од 6 до 11.99 години: -20% попуст.

Опис на програма

ТЕРМИНАРАНЖМАН 10 НОЌИТЕРМИНАРАНЖМАН 10 НОЌИ
01.06-11.06325 eur26.07-05.08399 eur
06.06-16.06325 eur31.07-10.08399 eur
11.06-21.06364 eur05.08-15.08399 eur
16.06-26.06364 eur10.08-20.08399 eur
21.06-01.07364 eur15.08-25.08399 eur
26.06-06.07364 eur20.08-30.08364 eur
01.07-11.07364 eur25.08-04.09364 eur
06.07-16.07364 eur30.08-09.09364 eur
11.07-21.07399 eur04.09-14.09364 eur
16.07-26.07399 eur09.09-19.09325 eur
21.07-31.07399 eur14.09-24.09325 eur

Удобности

      Галерија

      Локација

      Слични патувања