Босна: Бункерот на Тито

Околу 300 метри под земја, во близина на босанскиот град Коњиц, се крие бункерот на Јосип Броз Тито. Доживотниот претседател на поранешна Југославија наредил во најголема тајност да се изгради бункерот во случај на нуклеарна катастрофа, за безбедноста на своето семејство и 350 најважни политички и воени соработници. .

Воениот објект под шифра Д-О „АРК“ бил граден под превезот на таинственоста дури 26 години меѓу 1953 и 1979 година, во времето на Студената војна, а опремен е со најсовремената технологија од тоа време. И денес можат да се видат фиксни телефони, машини за чукање и друга позната машинерија за коминикации од средината на минатиот век.


Бункерот се простира на 6.854 квадратни метри и се состои од три дела. Во првиот дел се наоѓаат надзорната резиденција, местото за техничка поддршка и обезбедувањето. Комплексот е отпорен на нуклеарен напад.

Потоа следат металната врата дебела 1,20 метри и тунелот кој води до центарот на атомското засолниште, кое може да издржи удар со јачина од 20 килотони. Третиот дел се состои од противпожарен систем, клима уред, простор за комуникација, магацин за вода и нафта, како и станбен простор за Тито и Јованка.

Температурата во бункерот е меѓу 21 и 23 степени Целзиусови, а влажноста на воздухот е меѓу 60 и 70 отсто, што се идеални услови за живот. Целиот простор е осветлен со 6.000 неонски сијалици.

Денес овој бункер е уметнички музеј за разни уметници од целиот свет, но и потсетник на времето кога заканата од нуклеарна војна била секојдневие.

ЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ БЛОГОВИ ОВДЕ

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR