Остров каде багажот го пренесувате со коњ или магаре

Секој остров е карактеристичен и познат по нешто кој си има своја приказна.
Закинтос е познат како островот на желките, Островот Kрф е познат по неверојатната вегетација, Скопелос е познат по прекрасните плажи итн. На грчки остров кој спаѓа под групата „Саронските острови“ е познат по забраната за движење со моторни возила, станува збор за отровот Хидра. На овој острово можете да се движите исклучиво пеш, што значи дека багажот ќе го пренесувате со коњ или со магаре. Единствената песочна плажа за да ја посетите со траект, така да пешачењето е неопходно на овој остров.

На островот живеат околу 2500 жители, кои во главно се бават со одгледување на маслинки и туризам. Еден од најубавите грчки острови со автентична архитектура, каде што на секој чекор се чувствува традиционалниот грчки дух.

Најпозната песочна плажа на овој остров е Мандраки, во градот ќе најдете и други прекрасни плажи со камчиња, калдрми, бели куќи и голем број кафетерии и барови.
На островот исто така има и шест православни манастири, на брдото со поглед на плоштадот се наоѓаат и двата најважни манастири: Профитис Илиас основан во 10-ти век, и манастирот Агија Ефпракиа. Хидра е остров кој отсекогаш привлекувала поети, уметници и боеми кои ги сакале нејзините карпести брегови и пејзажи кои не се променети од 60-тите години на минатиот век.

На островот Хидра има и два замоци едниот е замокот Цамад кој е поморска академија, дониран е од страна на семејството Цамадос кои исто така на црквата и ја донирале и својата куќа на ридот со поглед кон пристаништето за да се користи како ткајачко училиште и производствен објект на текстил и теписи. Куќата сега припаѓа на семејството Колоредо и е позната како фабрика за стари теписи. Другиот е замокот Томбазис кој е дел од Атинската школа за ликовни уметности, во сопственост на Атинскиот универзитет.

Најдобрите постови, слики и видеа од различни острови ширум светото можете да ги погледнете на профилот на Aвантуристот по островите

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR