Menu

Прага и Карлови Вари за 11ти Октомври

цена од

229

EUR

сега од

189

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
09.10.2026
13.10.2026
Автобус
Хотел

Подарете си незаборавно патување во срцето на Европа и откријте ги убавините на Прага и Карлови Вари – две дестинации кои пленат со својата историја, архитектура и единствена атмосфера.

Прага, позната како „градот на стоте кули“, ќе ве воодушеви со своите живописни улици, величествени градби и безвременски шарм. Прошетајте низ историскиот центар, преминете преку познатиот Карлов мост, уживајте во погледот кон реката Влтава и откријте ги тајните на еден од најубавите европски градови.

Патувањето продолжува кон Карлови Вари – најпознатиот бањски град во Чешка, прочуен по своите термални извори, раскошни колонади и елегантна архитектура. Градот нуди мирна и префинета атмосфера, идеална за прошетки, релаксација и уживање во природните убавини и локалните специјалитети.

Ова патување е совршен избор за љубителите на културата, историјата и европската архитектура, но и за сите кои сакаат да доживеат нови места, незаборавни пејзажи и автентична чешка традиција.

Придружете ни се и создадете спомени што ќе траат засекогаш, истражувајќи две од највпечатливите дестинации во Европа – романтичната Прага и елегантниот Карлови Вари.

Резервирајте го вашето место навреме и подарете си патување исполнето со убавина, елеганција и незаборавни доживувања.

Што е вклучено во цената

2 ноќевања со појадок во хотел 3*

Автобуски превоз на наведената релација

Локален Водич во Прага

Организација на аранжманот

Посета на Пандорф

Лиценциран придружник

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување

Туристичка такса (5 € по лице по ноќ – се плаќа на рецепција)

Индивидуални трошоци (влезници за музеите)

Задолжителна доплата за екскурзија Карлови Вари со превоз и локален водич (50€ )

Крстарење по Влтава (20€ )

План и програма

ПРВ ДЕН (09.10.2026) Петок

Собир на групата кај Хотел Русија во 12:00 часот. По распределувањето на седиштата и багажот, во 12:30 поаѓање. Патувањето е преку Србија, Унгарија, Австрија, Словачка со попатни паузи.  Според условите од патувањето, групата се упатува и сместува во хотелот. По сместувањето и краткиот одмор, заедно со придружникот на патувањето се упатува групата на попладневна прошетка низ Прага. Ноќевање.

ВТОР ДЕН (10.10.2026) Сабота

По ноќното патување, во утринските часови пристигнување во Прага. Започнува панорамски и пешачки разглед со локалниот водич низ историскиот центар на Прага. По разгледот и слободното време, започнуваме со крстарењето по Влтава. Во вечерните часови враќање во хотел и ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (11.10.2026) Недела

По појадок во хотелот, групата се упатува на целодневна екскурзија со локален водич до Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Европа, термалните извори и старите палати кои пленат со својот раскош и убавина, и секако зрачат со топлина од термалните води. Слободно време за прошетка и посета на некој од базените, каде ќе имате можност да уживате во топлите води. Во вечерните часови враќање во хотел и ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН (12.10.2026) Понеделник

По појадок во хотелот, одјавување од хотелот и поаѓање кон Македонија. Попатно се застанува во најголемиот трговски центар во тој дел од Европа, Пандорф, каде групата ќе има неколкучасовно шопинг доживување. Во вечерните часови продолжување на патувањето кон Скопје преку Австрија, Унгарија, Србија.

ПЕТТИ ДЕН (13.10.2026) Вторник

Пристигнување во Скопје околу пладне.

Сместување

Хотел 3★

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Цени

Важно

За реализација на овој аранжман се потребни минимум 45 патници.

Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Седиштето во автобус се добива според датумот на уплатата

Доплата за еднокреветна соба – 50 евра

Доплата за дете до 11.99 години –159 евра

Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата. Важат условите за патување на Ескејп Травел и СКТМ

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Карлови Вари - Задолжителна факултатива

Цена за пакет: 50€

КАРЛОВИ ВАРИ – најпознатиот бањски град во Чешка, сместен во живописна долина и познат по термалните извори, елегантните колонади и раскошната архитектура. Град со посебен шарм, создаден за прошетки, уживање и прекрасни фотографии.

Крстарење во Влтава

Цена за пакет: 20€

🚢 КРСТАРЕЊЕ ПО ВЛТАВА – незаборавно доживување и можност да ја погледнете Прага од сосема поинаква перспектива. Пловејќи по реката Влтава ќе уживате во прекрасните панорами на Карловиот мост, Прашкиот замок, историските градби и живописните брегови на градот.

✨ Еден од најубавите начини да се почувствува романтичната атмосфера на Прага!

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања