Kаубојски град во Србија “ЕЛ ПАСО СИТИ” дали сте слушнале?

Во близина на Златибор (Србија) има град каде што можете да го почуствувате на момент амбиентот на западот или да доживеете блиска средба со други каубои . Овој автентичен каубојски град, кој исто така вклучува и индијанска населба, се шири на околу шест хектари. Има шатори, приколки, соби и 12 мали куќи кои можат да примат околу 100 гости. Дополнителни содржини вклучуваат кафуле, теретана, музеј на стари предмети и штали.

Секој што сака да ја искуси на момент атмосферата од каубојските филмови и автентичноста на индијанските населби, ова е местото што го препорачуваме. Овој парк е именуван по граничен град во САД. Исто како што Рио Гранде ја формира природната граница помеѓу САД и Мексико така и реката што тече низ овој парк ги дели тематските единици американски и српски. Тоа е место за средби на две култури: од едната страна на реката се наоѓа каубојски град и индиjaнско село, додека на другиот брег има српски дел со црква и типичен селце Златибор

Поминувајќи низ „Ел Пасо Сити“, доживувате две различни клими во ист временски период од 1865 до 1890 година, но во далечните делови на светот. Во овој „западен град“, на посетителот му се дава можност да го почувствува автентичниот западен амбиент или да доживее блиска средба со „другите каубои“.


Не само што е можно визуелно да уживате во овие насликани индијански шатори, туку и да спиете во еден од нив. Во овој каубојски и индијански град се почитуваат и здравствените регулативи, со оглед на моменталната состојба.

Каубојскиот град можете да го посетите со нас на турата во Босна за 10-ти Декември. Погледни понуда ОВДЕ

Видеозапис од местото ОВДЕ

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR