Топ 5 филмови снимени во Дубровник

Дубровник често се нарекува скапоцен камен на Јадранот. Извонреден е по својата историја, калдрмени патишта, тесни улички, античка градба и пријателски расположени жители.

Таа исто така ја стекна својата популарност меѓу холивудската филмска индустрија, бидејќи стана една од најбараните локации за снимање во овој дел на Европа. Можеби  таму е снимен и Вашиот омилен филм. Проверете го списокот подолу и проверете дали сте го резервирале следното патување во Дубровник и повторно оживејте ги омилените сцени од филмот.

  1. Game of thrones – Игра на тронови

Една од најпопуларните ТВ-емисии, „Игра на тронови“ е снимена во Дубровник. Поради својата локација, архитектонскиот дизајн и неверојатната глетка, тоа беше совршено место за Кингс Лендинг, измислен град во серијата. Овој доцно – средновековен град има неверојатен Стар Град во себе со неверојатни готски, ренесансни и барокни цркви, манастири, палати и фонтани. Други исклучителни места во Дубровник се црквата Свети Блез, катедралата во Дубровник, палатата Спонза, доминиканскиот манастир и францисканскиот манастир, од кои некои беа прикажани во ТВ сериите.

2. Emerald City – Емералд Сити

Емералд Сити е фиктивна ТВ серија во САД, ТВ серијата  е базирана на серијата книги  “Оз”, напишани од  Л. Франк Баум, сместена во измислената Земја на Оз. Градот Оз беше инспириран од Дубровник и се користеше како позадина на сцените за снимање. Сепак, серијата не беше физички снимена таму, бидејќи продуцентскиот тим го изгради скоро целиот град во студија и разви магични детални сетови базирани на градот.

3. Robin Hood – Робин Худ

Дубровник беше користен во филмот Робин Худ, како градска дестинација што го отсликува средновековниот Нотингем. Дубровничките  временски украсени градски улици и историски градби прекрасно ја претставуваат таа ера. Неколку места околу Стариот град се користени како сцени во филмот. Можеме да му се восхитуваме на пристаништето, главната улица Страдун и улицата Свети Доминик. Повеќе од сто филмски професионалци ги снимаа сцените во Дубровник повеќе од 3 недели. Главната ѕвезда на филмот Џејми Фокс беше воодушевена од убавината на Хрватска.

4. Star Wars – The Last Jedi – Последниот џедај – Војна на Ѕвездите

Во минатата година екипажот на „Војна на Sвездите“ ги зазеде улиците на Дубровник. За целите на снимањето на оваа епизода на „Војна на Ѕвездите“, Дубровник доби преобразба со високотехнолошка опрема, експлозивни врати и други елементи коишто можат да се приметат во оваа епизода на “Војна на Ѕвездите” Дубровник се користеше како  сет место  на планетата казино Канто Бејт.

5. James Bond – No Time to Die – Џејмс Бонд – Нема време да се умре

Постои гласина дека најпознатиот шпион ќе го заземе градот Дубровник. Некои извори наведуваат дека извидниците за снимање на Џејмс Бонд го обезбедија Дубровник како една од локациите за снимање за неговото следно филмско издание. Дефинитивно треба да го обиколите градот и да замислите како агентот 007 пие мартини во еден од рестораните.

Ова не е првпат Бонд да се снима во Хрватска. Легендарниот филм “од Русија со љубов” од 1963 се снимаше во Загреб, а главната улога ја играше Шон Конери. Ве покануваме да бидете херој на сопственото патување и да го истражите Дубровник на Ваш начин. Поврзете се со нас и дозволете ни да ви помогнеме да го испланирате совршеното патување.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR