Неколку совети кои ќе ви помогнат да организирате совршено патување.

1.Носете резерви од некои работи
Копии од пасош или лична карта, платежни картички, батерии, полнач за телефон. Овие работи не зафаќаат многу простор во вашиот багаж, но можат да ви помогнат во итни случаеви.

2.Бесплатните нешта, многу често чинат пари
Веројатно сте гледале улични изведувачи и некои од нив се навистина неверојатни. Но, бидете внимателни кога ќе понудат да се фотографирате со нив, бидејќи некои можат да ви побараат пари. Госпоѓи што ви даваат цвеќиња во рацете навидум бесплатно, но од кога ќе го земето цвеќето истите бараат пари.

3.Запознајте ги локалните жители
Доколку се запознаете со локалните жители тие ќе ви помогнат вистински да го доживеете местото.

4.Започнете го денот порано
Разбудете се порано за да ја избегнете гужвата. Ќе можете да се фотографирате каде сакате, да пиете кафе или да прошетате без да ги трпите огромните гужви кои ќе ви одзимаат време.

5.Научете неколку зборови од јазикот на земјата во која сте
Нема потреба да го познавате јазикот кога одите во некоја држава, но знаењето само неколку фрази може да направи голема разлика. Луѓето обично ценат кога туристите кажуваат по некој збор на нивниот јазик.

6.Земете адаптер за електронските уреди
Денес сите имаме многу електронски направи и секоја од нив доаѓа со полнач и кабли. Пред да одите на одмор, најдете адаптер што ќе функционира во државата каде што ќе одите.

7.Спакувајте го багажот рационално.
Немате потреба од неколку пара чевли, облека што нема да може да ја искомбинирате, или неколку палта.

8.Јадете локална храна.
Наместо да барате Мекдоналдс или Бургер Кинг, следете ги локалните жители. Обично ќе платите помалку, и ќе ја пробате локалната храна за да може подобро да го вкусите местото кое го посетувате.

9.Носете марама при секое патување.
Марамите се задолжителен дел од секое патување. Можете да ги користите за заштита од сонце, прашина, како шал, ќебе, па дури и како филтер за вода.

10.Прочитајте за местото што го посетувате.
Направете мало истражување и откријте што можете и што не можете да правите. Некои традиции се многу поразлични од она на коешто сте навикнати, па можете да направите нешто непристојно или да навредите некој, без воопшто да бидете свесни за тоа.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR