Истанбул: Дали ги знаете легендите за моминската кула?

Многумина имат слушнато за моминската кула или кулата на Леонидас а доста и ја имат посетено, но дали ги знаете легендите за ова кула? Постојат многу легенди за изградбата на кулата и нејзината локација.

ЛЕГЕНДАТА ЗА ЗМИЈАТА

Според една легенда, еден император имал многу сакана ќерка и еден ден оракулот прорекол дека ќе биде касната од отровна змија на нејзиниот 18-ти роденден. Царот вознемирен од ова вест, се одлучува да изгради кула која ќе биде оддалечена од копното за да неговата ќерка биде безбедна. Кулата ја изградил на сред Босфор и ја преселува ќерката да живее во кулата со тоа што многу често ја посетувал. На нејзиниот 18-ти роденден царот и однел кошница со овошје како подарок за роденденот и бил многу воодушевен што можел да го спречи пророштвото, но меѓутоа во кошницата имало змија која ја каснува девојката и таа умира во прегратките на нејзиниот татко.

Херој и Леандер

Ова легенда доаѓа од постариот грчки мит за Херој и Леандер. Херој била свештеничка на Афродита која живеела во кулата. Леандрос кој живеел од другата страна на Босфорот, се вљубува во неа и секоја вечер пливал за да стигне до неа. Херој секоја ноќ го палела светилникот кој бил поставен на врвот од кулата за на Леандер да му биде осветлен патот, но една бурна зимска ноќ ветровите ја разнеле светлината на светилникот и Леандар го губи патот а големите брановите биле причината за неговата смрт, односно да се удави. Херојот од голема тага се фрла од кулата и умира и таа.
Името Maiden’s Tower можеби потекнува од оваа античка приказна. Поради околината и сличноста помеѓу Дарданелите и Босфорот, приказната на Леандер по грешка се припишува на кулата.

Има уште многу легенди за ова кула и она што е занимливо е дека кога влегувате во кулата на секој кат има фотографии и објаснување за легендите. Објектот се состои од приземје(каде што се наоѓа ресторанот) и 3 ката, на последниот кат можете да пиете турско кафе или чај и да уживате на Босфорот. Исто така ова место е познато и како место за запросување.



ПОНУДА ЗА ИСТАНБУЛ 8-МИ МАРТ СО 2 НОЌЕВАЊА

ПОНУДА ЗА ИСТАНБУЛ 8-МИ МАРТ СО 3 НОЌЕВАЊА

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR