Коимбра градот на студентите

Коимбра е градот на студентите: Шарен и живописен град за кој сигурно немате слушнато досега.

Во Португалија помеѓу градовите Порто и Лисабон се наоѓа малото гратче Коимбра. Ова гратче до неодамна пропуштаа да го посетат многу од туристите. Но, во последните години тоа се промени, поранешниот главен град на кралството добива се поголемо значење на туристичката мапа на земјата и се повеќе туристи го посетуваат ова гратче.

Во средниот век Коимбра прерасна во важен културен центар и на крајот на 13 век, во него е основан универзитет и овој град го добива името градот на студентите засекогаш. Денес се нарекува и Луситанијанска Атина и во него живеат 70 различни националности. Дури 10 проценти од студентите се странци. Коимбра е исто така место каде е основан најстариот и најголемиот универзитетски студентски сојуз на Португалија – Асоцијацијата на академијата на Коимбра, основана во 1887 година

Во Коимбра секоја година се одржуваат две поголеми фестивали, и неколку помали студентски прослави. Марширајќи по улиците со музика, новите студенти носат носии и се „крштеваат“ во градската река Мондего и сто тоа влагаат во академското братство на Коимбра. Тие исто така без рзмислување ги делат своите смешни и остри пораки до професорите и политичарите.  

Првиот фестивал е Латада (Festa das Latas) и се одржува на почетокот на академската година за добродојде на новите студентите на универзитетот.  Вториот е Горењето на панделките ( Queima das Fitas) се одржува на крајот на вториот семестар и овој фестивал трае 8 дена за секој факултет по еден ден. Зградите кои обично се идентификуваат со „студентски домови“ се нарекуваат Републикас де Коимбра и лесно ќе ги препознаете. Нивните стари фасади ги оживуваат шарени мурали, а транспаренти со политички пораки често висат од прозорците.


Во ова место енергија на студентите разви дури и посебен жанр на позната музика фадо, која се нарекува Коимбра фадо и изведувачите честопати се облечени во студентски униформи. Палмите, ботаничките градини и убавата клима на сончевите брегови на Атлантскиот Океан, на оддалеченост од само половина час од градот е причина поради која многу луѓе сакаат да го посетуваат овој град. Исто така интересно е што во тесните улички на градот се сместени мали кафулиња, слаткарници и пекари кои ќе ве освојат и нема да може да излезете толку лесно. Навечер пак раздвижениот ноќен живот и културната сцена во градот ќе  ве освојат дополнително и ќе ве вратат во времето на вашите студентски денови, за момент ќе посакате повторно да сте студент.


Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR