Menu

Amara Luxury Resort & Villas

Ultra All Inclusive

ОД 953 EUR

Положба
Хотелот се наоѓа во Гојнук на 9км од Кемер и 45км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 426 соби во главна зграда и вили.
Стандардни супериор соби (42м², спална соба, купатило, макс. 2+2 лица),
Фамилијарни соби (82м², спална соба, дневна соба одвоени со врата и 2 софа кревети за деца, купатило, макс. 3+1лице ),
Голема соба (65м², спална соба, купатило и место за седење, макс. 3 лица),

Сите соби имаат приватно купатило со када, туш, фен, гардеробер, влечки, централна клима, телефон, мини бар (вода, сокови, пиво, јаткасти плодови, вино и чипс се полни секој ден), бокал, сет за чај и кафе, сеф, сателитска тв со музички канали, балкон, WI-FI интернет.

Услуга
Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, доцна ужина, ужина во текот на денот во Snack by the beach, слатарница, сладолед, специјален дел за деца во главен ресторан и во мини клуб, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, пијалоци кои не се на менито, специјални вина и други специјални пијалоци, свежо цедени сокои, À la Carte ресторани со претходна резервација и доплата.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, 7 À la Carte ресторани – морска храна, кујна од блискиот исток, турска кујна, италијанска кујна, бар за ужина на плажа, барови околу хотелскиот комплекс, слаткарница, бистро, диско. Доктор, перење и хемиско чистење, чување деца, шопинг центар, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, изнајмување кола се доплаќа.

Плажа
Хотелска плажа со камчиња и песок. Лежалки, чадори и крпи се бесплатни.

Спорт и забава
Има 4 надворешни базени за возрасни и деца и еден внатрешен, аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, одбојка на плажа, пинг понг. Со доплата: SPA и Wellness центар, осветлување на тениските терени и опрема, спортови на вода, куглање, билијард, компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот и ноќта, организирани од професионален тим. Жива музика, кино. Мини клуб за деца од 04 – 17 години со различни програми.

 

Локација

Видео

Слични патувања