Локација: Хотелот се наоѓа во областа Конакли на 12 км од Аланија и 120 км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Вкупно 250 соби. Сите соби се опремени со сопствен тоалет со туш кабина и фен, централен клима уред, мини бар, сеф, ТВ и балкон.
Услуга: Ultra All Inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневни чаеви, кафиња, торти, полноќни закуски, локални стандардни увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 -02:00 часот (увозни пијалоци само во одредени барови), À la Carte ресторани ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престој, бар на плажа од 10.00-18.00 часот, сладолед во определени часови од денот. Во AI концептот не е вклучено: увозни пијалоци кои ги нема во менито, премиум увозни и флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, услуга во соба.
Содржини: Главен ресторан на база шведска маса, À la Carte ресторани – Отомански и Медитерански ресторан, лоби бар, бар на базен и на плажа од 10:00 – 18:00 часот, се служат топли и ладни пијалоци и пиво. WI-FI интернет е бесплатен во сите делови од хотелот и во собите.
Плажа: Приватна плажа, камчеста и карпеста на 200 м од хотелот, со лежалки и чадори за сонце и пешкири за плажа без доплата.
Спорт и забава: Отворени и затворени базени за возрасни и деца, 3 лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, џакузи, пинг понг, тениски игралишта, одбојка на вода.Дневна и вечерна анимација, натпревари, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 год, игралиште и Мини диско. Услуги со доплата: спортови на вода, билјард, Велнес и салони за убавина, масажи.
zako.mk © 2024